Деновиве полека се привршуваат финесите околу изработката на новиот видео запис за песната “Крај” на нашата фолк пејачка Адријана Ацевска. Идејата за впечатлив и несекојдневен спот ни ја носи самата таа, а во неговата реализација учествуваше “Арт студио” – продукција. Зад текстот и музиката за баладата “Крај” се потпишува нејзиниот музички пријател Борче Бока Димитров (“Рафинерија”), а аранжманот го изработи Дејан Момировски.
НАСКОРО…нешто ново, поинакво, впечатливо, со допир на срцето….
Премиера на новиот видео запис на Адријана Ацевска на BalkanMusicTv…