Почетна > Македонија > “СЕДИ ДОМА” – заедно со Стефан и Петар…

“СЕДИ ДОМА” – заедно со Стефан и Петар…

///
Comments are Off

Многумина од нашите познати музичари и пејачи беа во полн ек на настапи кога на вратата ни затропа “осаменоста”….и сега во се сме ограничени, подредени и многу внимателни. А како да ограничиш некого кој до вчера бил измешан во толпа народ, со гласна музика и џагор, со чаши високо дигнати над глава….тешко, затоа што животот на музичарите е просто таков, динамичен. Сега сите се во некое затишје со надеж дека наскоро се ќе се заврши…

Како ги поминуваат овие денови познатите Стефан Величковски и Петар Тодоровски од “Дипломатик бенд”…па секој на свој начин. Во недостаток на кафе муабет со пријателите, одење и вежбање во теретана и слично, Стефан својата вишок акумулирана енергија ја користи најмногу за музицирање. На тој начин ја одржува својата музичка кондиција и своите пријатели ги изненадува со по некој нов кавер, како неодамна со оној на Владо Георгиев (Вријеме лажи). Зад неговиот добар изглед стојат многубројни часови на вежбање, ама сега по дома. На тој начин ја надополнува и својата физичка кондиција која и те како е потребна кај музичарите….особено оние кои се  секогаш со полн распоред. Помеѓу сето ова Стефан вели дека наоѓа време и за по некој добар филм, но искрено се надева дека набргу ќе ни “се врати” стариот живот…

А кога имаш жена, деца и уште згора на тоа те бива и за домашни работи, ова е вистинското време за да им се посветиш на сите ним. Па така нашиот Петар Тодоровски сега деновите ги поминува во потполност предаден на својата потесна фамилија, односно жената и своите две деца. Искрено жали по многубројните откажани настапи и свирки како со Стефан заедно, така и со матичниот “Дипломатик бенд”. Сега низ шега и самиот вели дека “си вежбаме по дома за да останеме во форма”. Не својствено за неговиот темперамент малку е песимистичен во однос на времињата што ни доаѓаат, но искрено се радува на повторните музички дружења со своите обожаватели. Во меѓувреме освен својот талент за свирење, низ дома го користи и својот талент за чистење и готвење што го докажа и во едно познато кулинарско шоу. Па така сега има повеќе слободно време најпрвин да испазари на раат, потоа да изненади и да зготви нешто и на крајот да го подзачисти нередот зад себе во кујната. Додека може – да се искористи мажот по дома, нели!!!…особено ако е музичар…

Bidejki ziveeme vo vreme na lagi i prevari,od mene za site vas nesto najnovo od Vlado Gorgiev-Vrijeme lazi.Imajte ubavo nedelno popladne i sedete si domce😀

Posted by Stefan Velickovski on Sunday, 22 March 2020