Почетна > Балкан > Молитва за Магдалена, молитва за Оливер…

Молитва за Магдалена, молитва за Оливер…

///
Comments are Off

Магдалена, Магдалена

моје небо, моје сунце, моја дуга

Магдалена, Магдалена

моја среча, моја радост, моја туга…

Море, бранови, тивко ветренце што милува, гитара, заљубени погледи, понекој бакнеж и спомени. Оние што го доживеале сето тоа заедно со многубројните песни на Оливер Драгоевиќ, сеуште се сеќаваат на тие времиња…а нив ги има многу. Цела армија обожаватели кои еве и после две години од неговото прерано заминување ги пејат неговите песни со насолзени очи, со трепет и со возбуда, секогаш нова и секогаш посебна…

Во Вела Лука на Корчула сите го сакаа и тој им припаѓаше подеднакво на сите…онака скромен, едноставен, безгрижен и неоптоварен со славата. Зборовите на неговата сопруга Весна за него кажуваат се…”Tој  беше свет сам за себе, надвор од сите кланови на естрадата. Без менаџер, без кавги и без его, својата кариера ја создаваше без големи планови и калкулации, туку спонтано и без брзање. За секој нов албум чекаше секогаш да се соберат вистинските песни. Колку беше сакан и омилен го почувствував тоа на денот на неговиот погреб кога се шокирав од масата луѓе што беше собрана во Сплит, а потоа безброј бротчиња пловеа заедно со нас до Вела Лука”…

И токму таму во негова чест и сеќавање беше отворена изложбата под наслов “Oliver u Luci/Luka u Oliveru” на авторката Рада Драгојевиќ Ќосовиќ. Станува збор за фотографии кои го покажуваат Оливер во едно друго светло, далеку од сцената и јавноста. Истите не се професионални, спонтани се и во тоа е нивната најголема вредност. На фотографиите не е прикажан Оливер како голема ѕвезда, туку Оливер од Вела Лука, пријател, татко, сосед, дедо и риболовец затоа што тој беше голем вљубеник во морето и бескрајното плаветнило. Посетителите на изложбата ќе бидат во можност да уживаат во  40-те фотографии кои се пропратени со одбрани стихови од неговите песни…со мисла и идеја да не се застане во собирањето на уште документарен материјал за нивниот сакан и вечно омилен Оливер…