Почетна > Балкан > Да не се заборават – Рајко Дујмиќ (Нови Фосили)…

Да не се заборават – Рајко Дујмиќ (Нови Фосили)…

///
Comments are Off

Рајко Дујмиќ (7 август 1954 год. Загреб – 4 август 2020 год. Риека) – хрватски музичар и композитор, најпознат како фронтмен на популарните “Нови Фосили”.

Да не се заборави дека…

-иако кариерата ја започна како клавијатурист во различни рок групи, тој најголемиот дел од својот живот го помина во легендарната група “Нови Фосили”. Освен клавијатурист, Рајко во групата ја имаше улогата на композитор па така сите песни кои ги имаат изведено “Нови Фосили” ги компонираше токму тој…

-во својата кариера Рајко Дујмиќ напиша преку 1800 композиции при што освен со компонирање работеше и на аранжмани и продукција. Значајни успеси има забележано и на натпреварот “Песна за Евровизија” каде учествувал три години во низа како автор: 1987год. со “Нови Фосили” и песната “Ја сам за плес” (4место), 1988год. со “Сребрени крила” и песната “Мангуп” (6место) и 1989год. со задарската група “Рива” и песната “Rock me” им ја носи единствената победа на хрватските но и југословенските претставници на евровизиските натпревари…

-да не се заборават “За добра стара времена”, “Саша”, “Тонка”, “Кошуља плава”, “Шути мој дечаче плави”, “Најдраже моје”, “Моја Милена”, “Да те не волим” и многу, многу други кои на групата “Нови Фосили” и донесоа бројни фестивалски награди и признанија, милионски тиражи и ја прави групата најуспешна на сите времиња на хрватските простори…

-во текот на својата богата кариера соработувал и со бројни колеги од естрадата како Јасна Злокиќ и Јасмин Ставрос, а 2012 год. заедно со Зринко Тутиќ го покрена проектот “Музика забавна” со идеја за промоција на музиката во малите хрватски средини. Својот прв и единствен кантавторски албум “Низводно од рајот” Рајко го објави 1993 година. Познат е и како композитор на филмска музика и рекламни спотови, работел на сценска музика за театарските претстави “Дундо Мароје” и “Осам лаких комада” и повторно со Зринко заедно ја напишаа песната “Моја домовина” во чија изведба 1991 година учествуваа 150 хрватски музичари. Добитник е на наградата “Порин” за животно дело…

-семејството на Рајко Дујмиќ одлучи да ги донира неговите органи и со тоа да се спасат други човечки животи. Како човек со добро срце и мека душа тие сакаат на овој начин да продолжи да живее неговиот дух…и се разбира најмногу преку бројните незаборавни песни и хитови…