Почетна > Македонија > “Модерна зурла” на Џељо Дестановски – да ја завршиме годината со стил…

“Модерна зурла” на Џељо Дестановски – да ја завршиме годината со стил…

///
Comments are Off

Понекогаш е пожелно да се експериментира во музиката…и поради сопствениот ќеиф, и поради публиката која треба да открие што се “се крие” во еден музичар. А во некои од нив, богами се крие многу и секојпат знаат одново и одново да изненадат, и да ви прозвучат и помалку светски…како нашиот Џељо Дестановски.

За него годината беше богата и плодна на музички план. Уште го паметиме неговото шаренолико и полно со гости новогодишно шоу на BalkanMusicTv со кое ја започна годината. И потоа се редеа “Еснаф оро”, “Магична зурла”, “Дестанова ризница” и еве сега како за крај на годината, неговата нова “Модерна зурла”. И тука екипата е голема и позната…Ален Рамчевски, Далибор Ефтимовски, Дарјан Дунчевиќ, Драган Петков, Стефан Котески и Славе Најдовски. Музиката е на Седрах Вирус Етеми, аранжманот на самиот Џељо Дестановски, а студио микс и мастер – “Porte sound”. За амбиентот и реализацијата се погрижи и овојпат “Арт студио” – продукција.

Ако го прашате дали ќе застане и одмори малку ќе ви каже не, затоа што веќе работи и осмислува нови проекти. Со што уште може да не изненади и израдува нашиот најпознат зурлаџија Џељо Дестановски, останува да видиме веќе со доаѓањето на новата година…или пак до крајот на оваа година, затоа што ” се може да се очекува од него”.