Почетна > Македонија > Македонски музички бум во Австралија

Македонски музички бум во Австралија

За само месец дена од сега на пат кон Австралија ќе тргнат неколку познати наши музички ѕвезди кои што ќе оддржат незаборавна турнеја за нашите луѓе таму. Турнејата започнува на 24 Март и ќе трае се до 22 Април, а во неа ќе учевствуваат супер ѕвездата Сузана Гавазова, Борче Наумовски Министерот, Гоце Петрески, Стивен Стојчевски, младиот гајдаџија Виктор Крстевски и моделите од модното студио “Шанел”.

По повод оваа турнеја под името “Македонски музички бум”, a воедно и по претстојниот празник кој што ни доаѓа, денот на жената, ќе се оддржи телевизиски музички спектакл со супер забава. Во врска со овој настан разговаравме со менаџерот на настани Пикси кој што подетално ни го објасни целиот проект.

-Да организираш вакви настани е секако напорно, посветеноста е на максимум но секако и искуството си го прави своето. – изјави Пикси за Балкан Мјузик тв.

На овој настан кој што ќе се случи на 7 март во ресторант “Ваго” во Штип исто така главна музичка ѕвезда е нашата Сузана Гавазова и “Бумбари бенд” како главни задолжени за забавата. Целиот настан ќе го красат моделите од модно студио “Шанел”, a како главен преносител на настанот ќе биде самата Балкан Мјузик телевизија.

Според агендата дел од вечерта ќе се снимаат видео-фолк хитови, а остатокот ќе биде посветен на незаборавна забава по повод денот на жената.

Нам ни преостанува да ви предложиме да присуствувате на настанот и да уживате во една незаборавна вечер исполнета со музика и многу дружба.