Почетна > Македонија > ВЕСЕЛА ДРУЖБА НА “ПРОЧКА”

ВЕСЕЛА ДРУЖБА НА “ПРОЧКА”

Многу набрзо ни претстои празник кој што секогаш го обединува семејството на куп. Се собираме со роднини и пријатели, се веселиме и дружиме. По повод овој празник во недела на 26 февруари Балкан Мјузик телевизија ви спрема една прекрасна дружба. Емисија која што специјално за вас ќе се емитува во живо. Сите ќе имате можност на ден “Прочка” во 21 часот да се дружите со неверојатни македонски ѕвезди кои што ги задолживме да ви го разубават празникот. Во оваа емисија која што ќе се емитува во живо, вашите SMS желби ќе ги исполнуваат група “Круна” со нивните специјални гости Благоја Грујовски и Ферус Мустафов.

За исполнетоста со живост, музика и забава нема да ви зборуваме, предлагаме сите да бидете заедно со нас пред малите екрани. Секој од вас кој што дополнително сака да си ја разубави вечерта со песна по своја желба, ќе ја добие таа можност. Ќе биде вечер со исполнување на сечии музички желби, со цел овој ден да ви го одбележиме како едно прекрасно доживување. Ве очекуваме заедно да слушаме добра македонска музика, да се дружиме и да удриме на веселба. Недела, 20 часот премиерна емисија ,,На здравје,, а во 21 часот во Живо со нашите гости… Само на Балкан мјузик телевизија.