Почетна > Македонија > НОВО МУЗИЧКО ТАЛЕНТ ШОУ “ПАТ ДО ЅВЕЗДИТЕ”

НОВО МУЗИЧКО ТАЛЕНТ ШОУ “ПАТ ДО ЅВЕЗДИТЕ”

Наскоро во македонскиот телeвизиски етер ни доаѓа новото музичко шоу „ПАТ ДО ЅВЕЗДИТЕ“.
Во продукција на „Арт студио“ шоуто ќе биде емитувано на „Balkan Music Tv“ и телевизија „Алфа“.

Ако сте постари од 16 години, и поседувате талент за пеење, имате уникатна можност да бидете дел од новото шоу, ПАТ ДО ЅВЕЗДИТЕ.
Се што треба да направите е да снимите како изведувате една песна по ваш избор и кратко видео во кое се претставувате себе си, и заедно со вашите податоци да ги испратите на нашиот маил patdozvezdite@hotmail.com или за подетални информации јавете се на телефонскиот број 078/ 808-919.

Одбраните кандидати ќе бидат контактирани од продукцијата. За победниците следуваат богати награди и отворен ПАТ ДО ЅВЕЗДИТЕ.