И како што најавивме, викендов се случи промоцијата на новиот видео запис на популарниот фолк пејач Јордан Митев за песната “Жена за 100 години”. Комплетен автор како и досега на музиката, текстот и аранжманот е самиот тој, бидејќи во сите овие години покажа и докажа дека многу успешно го прави сето тоа. Соработката и довербата со аудио продуцентот Љупчо Павловски (студио Анастасија – Скопје) останува и понатаму, затоа што тимот што победува не треба да се менува, нели!? Јордан е познат и по тоа дека самиот ги осмислува и режира своите видео приказни, што значи дека целосно учествува во секој финален производ…овој пат повторно во комбинација со “Арт студио” – продукција.
“Таму каде што љубов царува, нема друга сила посилна”…се дел од топлите зборови кои низ целата песна ја искажуваат искрената љубов на еден маж кон својата сакана. Таа љубов заедно со комплетната семејна идила и среќа, ни ја пренесуваат на наша кожа познатата манекенка Цеце Георгиев (Орешкова), сопругот Кристијан и ќерката Кара Розмари. Освен воведот на спотот кој е снимен во околината на Велес, користени се кадри и од амбиентот на “К.К Бравадос”(Волково), место каде престојува миленикот на Цеце, коњот Чарли…
Се на се, никој не може да си ги напише најубавите зборови како бескрајно вљубениот човек…никој не може преку екраните да ја пренесе истата таа бескрајна љубов како среќното семејство…никој не може целосно да ужива во сето тоа како искрените љубители на добрата фолк музика…затоа уживајте!!!