Почетна > Македонија > Ефто Пупиновски ќе пее за Нова година во Охрид…навистина ќе пее!!!

Ефто Пупиновски ќе пее за Нова година во Охрид…навистина ќе пее!!!

///
Comments are Off

Кога ќе го слушнеме мега хитот “Лихнида”, веднаш ни асоцира на нашиот ни убав Охрид и признајте…убаво ни е на душата. Сите знаеме со колку жар секојпат ја пее оваа песна нашиот фолк пејач Ефто Пупиновски, кој исто како виното – како старее, така станува се подобар и подобар во изведбите. Е истата таа “Лихнида” ја знае и старо и младо, и ние, и сите во регионот па и пошироко во светот. Не поминува ниту една веселба или прослава да не дојде и таа на редот, не постои човек што не сака да дигне раце кога ќе ги слушне само првите тактови на песната. Поминаа многу години и “Лихнида” стана еден вид на химна за градот Охрид, за неговите убавини, за езерото, за љубовта. Се направија многу прослави во истиот тој град по разни поводи и ниту еднаш на нив не беше поканет доајенот на македонската народна песна Ефто Пупиновски…ете така како знак на благодарност за тоа дека по песната сите во светот го препознаваат и градот Охрид…

По јавната критика што ја упати Ефто кон охриѓани дека никогаш не го поканиле да им одржи концерт со своите многубројни хитови, еве најпосле се случи и тоа. За оваа новогодишна прослава во Охрид специјален гостин на плоштадот ќе биде токму тој, па така охриѓани ќе можат да уживаат во својата “Лихнида”, “Туѓа си бескрајно”, “Тинке Катинке”, “Прости ми душо моја” и многу, многу други нумери. Вечерта свои настапи ќе имаат и Ѓоко Танески и групата “Камелеон”, па така оваа вечер се чини дека ќе помине во знакот на македонските пејачи…

На Ефто Пупиновски му посакуваме уште долги години многу здравје и успех…и се разбира уште многу хитови кој ќе останат потоа во нашата македонска музичка ризница. За нас и за сите генерации што ќе дојдат во иднина, за сите љубители и уживатели на добрата музика…