Почетна > Ексклузивно > “Дакапо бенд” – 5 години живот за музиката и публиката…

“Дакапо бенд” – 5 години живот за музиката и публиката…

///
Comments are Off

За себе ќе кажат…”Седум члена, музичари и пријатели кои активно се дружат и ја претставуваат македонската музика во најдобро светло веќе пет години на македонската сцена и пошироко. Проекти во кои го покажавме нашето изведување и вкус…со многу задоволни слушатели и пријатели. Велат дека музичарите оставаат дел од себе и од самата душа и интелектуалност на сцената. Ние како бенд можеме да ја потврдиме оваа фраза, затоа што нашите настапи секогаш ги гледаме како убаво дружење со нашите слушатели и сме дел за разубавување на вашето време”…

Својот мал но многу значаен јубилеј за нив, “Дакапо бенд” решија да го означат со нов музички проект и скромна прослава. Задоволни од првата соработка со “Арт студио” – продукција  поврзана со нивните почетоци, еве по втор пат се случува уште една заедничка реализација и на овие кавери…секако откако првите беа успешно прифатени од публиката, достигнаа голема гледаност и пофалби. Овој пат снимањето се одвиваше на домашен терен во Кавадарци, односно во пријатниот амбиент на ресторанот “Ангропромет”. Со проектот се опфатени пет записи – кавери на песни и оро, наши македонски, српски народни и ју – песни, што би се рекло еден музички колаж…колаж како нивните пет години испреплетени со музика, љубов и дружење. Нека се множат!!!