Почетна > Македонија > Благојче Стојановски Туше повторно во Австралија кај своите обожаватели…

Благојче Стојановски Туше повторно во Австралија кај своите обожаватели…

///
Comments are Off

Кога главниот збор на забавата го има Благојче Стојановски Туше, тогаш атмосферата мора да се “подгрее” и со неговиот најголем хит “Прашај ги свирачите”. Тоа е песна која одлично се вклопува заедно со неговата енергија, енергија која тој ја има во себе и која целосно и несебично ја пренесува на својата публика. И затоа истата таа публика го сака и бара на своите приватни веселби, свирки и забави.

Но не само тука, Туше има своја “армија” на обожаватели и во далечна Австралија, земјата во која е роден и живеел долги години. За време на овие две години од пандемијата, тие постојано праќаа пораки до него за повторно видување и дружење. И не само за него, нашите иселеници во Австралија секогаш со широки раце ги пречекуваат сите наши фолк изведувачи кои преку песната и дружењата им ја одржуваат врската со својата татковина. По скоро две години затворени граници, Туше го “проби” мразот и моментално се наоѓа на турнеја токму таму…свој на својот терен. Во краткото интервју што го даде за гледачите на BalkanMusicTv, тој најнапред се заблагодари за топлото добредојде и истакна дека неговата турнеја ќе трае околу месец и половина. Истата ќе опфати настапи по тамошните локали, но и ангажмани по приватни забави и веселби од кои Туше редовно постира кратки видеа на социјалните мрежи. Се на се, по долго исчекување се гледа дека се задоволни и двете страни…нашите иселеници на кои во крвта им е секоја радост да ја прослават со најблиските и македонската песна и нашите фолк изведувачи на кои во крвта им е љубовта кон истата таа песна и секако дружбата.

Целото интервју со Благоја Стојановски Туше можете да го погледнете во продолжение.