Почетна > Ексклузивно > Александар Ицов со промоција на новото оро “Михаелина игра”…

Александар Ицов со промоција на новото оро “Михаелина игра”…

///
Comments are Off

Разиграно и весело како детска игра, испреплетено од звуците на хармониката и кларинетот, само за вистинските љубители на инструменталната музика и вештите играорци кои ќе можат да се покажат на некој настан или веселба….се првите впечатоци по слушањето на новото оро на нашиот Александар Ицов насловено како “Михаелина игра”. За таквите чувства се заслужни авторот Сашко Велков, гостинот на кларинет Гоце Јанкулов и самиот Александар кој со секој негов нов музички проект одново не изненадува и наградува со неговите изведби.

Со цел да биде секогаш различен и интересен за публиката, Александар Ицов овојпат се одлучи за студиски видео запис кој го реализираше во соработка со “Арт студио” – продукција и BalkanMusicTv. Приказната на авторот кој неуморно твори пропратена со сценските ефекти ќе бидат доволни во потполност и на еден поинаков начин да се почувствува ова оро….оро кое полека и сигурно ни ја комплетира сликата за уште еден наш талентиран инструменталист. Се разбира, Александар не застанува тука и ветува дека во најскоро време на своите обожаватели и на публиката ќе им го подари својот прв солистички албум. Чекаме и со среќа!!!