Велат дека најубавите песни доаѓаат од душата на самиот автор. Затоа неговите песни се секогаш полни со емоции било да се љубовни или пак печалбарски. Таква е и неговата нова песна која по тежината, изведбата и пораката што ја носи во себе можеби има шанса да ја достигне незаборавната “Печалбарска”.
![](http://balkanmusic.tv/wp-content/uploads/2022/03/Саит-ИДОЛИ2-1024x576.jpg)
Песната “Ој туѓино пуста” Саит Идоли овој пат реши да ја сними во соработка со неговиот музички пријател Велин Вики кој живее во Германија. Токму таму е снимено и аудиото за песната чиј комплетен автор е самиот Саит. Видео спотот пак е снимен во соработка со “Арт студио” – продукција и BalkanMusicTv со кои Саит е задоволен од досегашната соработка. Делот од спотот со него е снимен кај Марков манастир и село “Соње”, а делот кај што пее Велин е снимен во градот Липштат – Германија. Се на се, убаво реализирана соработка меѓу двајцата музичари кои ни го носат можеби новиот печалбарски хит, за некого “најтешките” песни за слушање и доживување.
За своите обожаватели Саит Идоли подготвува нова песна за која вели дека ќе биде различна по идеја, соработка со други колеги и изведба. Но, за тоа потоа…