Во недела во 20 часот на телевизија „Балкан мјузик Тв“ и во 18:10 на „Алфа ТВ“ ќе се емитува третото издание од талент-шоуто „Пат до ѕвездите“, во продукција на „Арт студио“.
Во секоја емисија се натпреваруваат по тројца натпреварувачи. И во оваа емисија ќе се избере најдобриот кандидат, кој понатаму ќе продолжи да се натпреварува.
Интересно е што секоја емисија има различно жири кои се компетенти да критикуваат, даваат совети, пофалби и да го изберат оној кој ќе продолжи понатаму. Во оваа емисија ќе бидат оценувани од стручна жири-комисија која е составена од еминетните музички имиња како што се: Сашко Велков, Елена Велевска и Борче Нечовски.
![](http://balkanmusic.tv/wp-content/uploads/2023/05/зири-комисија-1024x576.jpg)
Не очекува уште едно возбудливо издание на „Пат до ѕвездите“, во кое ќе може да видите интересни животни стории на натрпеварувачите, искрени емоции, мали недоразбирања помеѓу жири-комисијата и се разбира прекрасна музика …
Инаку „Пат до ѕвездите“ е ново талент шоу во Македонија во кое секој што има желба и талент за пеење и има над 16 години може да се пријави на е-маил patdozvezdite@hotmail.com со аматерска снимка каде пее песна по свој избор и се претставува себе си.
![](http://balkanmusic.tv/wp-content/uploads/2023/05/сирок-кадар-1024x576.jpg)
Сите оние кои не поминале дирекно во финале ќе имаат можност уште еднаш да се натпреваруваат во специјални две епизоди пред, полуфиналните епизоди.
Не пропуштајте го третото издание на шоуто и оваа Недела со своја премира на Балкан Мјузик ТВ и Алфа ТВ.