Почетна > Арт Студио Продукција > Кога македонската песна се слави најгласно – Велигденска еуфорија во „На Здравје“ со многу музика, игра и атмосфера за паметење (Фото+Видео)

Кога македонската песна се слави најгласно – Велигденска еуфорија во „На Здравје“ со многу музика, игра и атмосфера за паметење (Фото+Видео)

///
Comments are Off

Вчера вечер ќе остане запаметена како една од највеселите, најразиграните и најемотивните на музичкиот серијал „На Здравје“. Во продукција и реализација на Арт Студио и Балкан Мјузик телевизија, се создаде вистинска велигденска магија која долго ќе се прераскажува.

Овој пат, сцената беше обоена во духот на големиот христијански празник Велигден, а студиото пулсираше во ритамот на македонската песна, радоста и дружењето. Насмевки, прегратки, спонтани игри и искрени емоции – сето тоа беше дел од атмосферата која траеше со часови. На едно место се собраа дел од најпознатите имиња од македонската естрада: Јордан Митев, Ванчо Тарабунов, Лени Партикова, Борче Наумовски – Министерот, Александар Ицов, Стојне Николова, Ленче Кукиќ, Елена Јовческа, Елена Андоновска… – сите заедно во една заедничка мисија: да ја донесат празничната радост до секој дом.

Посебна магија на вечерта ѝ дадоа музичките домаќини Група Круна и Орде Неделковски, кои со својата жива изведба повторно покажаа зошто се срцето на ова шоу. Секој тон беше отсвирен со душа, а секоја песна испеана со емоција која се чувствуваше во секој агол од студиото.

Студиото буквално „ечеше“ од убава македонска песна – онаа која буди спомени, спојува генерации и носи топлина во срцето. Атмосферата беше толку заразна што никој не остана рамнодушен – се пееше, се играше и се славеше како што доликува за Велигден.

Нашата екипа успеа да улови дел од тие магични моменти и преку неколку видеа да ви ја пренесе барем малку од енергијата која владееше зад камерите. Но едно е сигурно – вистинската атмосфера ќе ја почувствувате кога епизодата ќе се емитува.

Подгответе се за музичко доживување исполнето со емоции, традиција и вистинска македонска душа – затоа што ова „На Здравје“ ќе биде епизода што не се пропушта!

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Фото и Видео: Балкан Мјузик тв

Може да ви се допаѓа и
Македонски артист и продуцент меѓу 12-те најдобри во регионот (Видео+Фото)
Артист Бенд слави 5 години: Голем концерт, нова авторска песна и ново музичко поглавје (Фото+Видео)
Кога музиката ги обединува генерациите – незаборавен фестивалски викенд во Пехчево
По 35 години кариера „Ехо од Хераклеа“ – голем концерт на фолк пејачот Миле Кузмановски во Битола (Фото)