Почетна > Интервју > Стојне Николова: „Наскоро очекувајте го мојот трет студиски албум“ (Фото+Видео)

Стојне Николова: „Наскоро очекувајте го мојот трет студиски албум“ (Фото+Видео)

///
Comments are Off

Таа е една од најактивните и најпрепознатливи млади македонски фолк пејачки, која успешно ги комбинира традиционалните и модерни елементи во својата музика, со богата дискографија, настапи дома и во странство, и бројни признанија за својот труд и талент.

Зад себе има голем број на хитови, а еден од последните за кој што видеоспот работеше една од најдобрите продукции во Македонија, Арт Студио, беше песната „Најлична невеста“.

Драги наши читатели, Стојне Николова со ексклузивно интервју за Балкан Мјузик телевизија. Што таа кажа за своите почетоци, музичката кариера, идните планови и многу повеќе… во продолжение.

Balkan Music: Долги години си дел од македонската фолк музичка сцена. Да започнеме од самиот почеток, кога и како ја откри твојата љубов кон музиката и дали некој од семејството те инспирираше да започнеш со пеењето?

Стојне Николова: Љубовта кон музиката ја открија моите родители на мои 2 години, а во моето семејство мајка ми и баба ми преубаво пеат, па од нив и поддршката и мотивацијата да започнам со пеење.

Balkan Music: Твојот прв музички настап е на 15 години во Струмица. Како се чувствуваше тогаш, имаше ли трема и што најмногу ти остана во сеќавање од тој момент?

Стојне Николова: И помала бев… па дефинитивно по тоа што имав многу трема (се смее).

Balkan Music: Зошто одличи да се посветиш токму на фолк-музиката, а не на друг музички жанр?

Стојне Николова: Како помала сум пеела поп музика, но љубовта кон фолкот победи во таа борба на жанрови.

Balkan Music: Како го доживуваш развојот на твојата музичка кариера од издавањето на твоите два студиски албуми до денес?

Стојне Николова: Па дефинитивно сум задоволна и се гордеам на сите музички дела и на целиот мој тим. Секогаш се трудам да бидам различна и да напредувам. Инспирација е се едно нешто.

Balkan Music: Кои моменти од твојата музичка кариера ги сметаш за најзначајни и зошто сметаш дека тоа е така?

Стојне Николова: Па имам многу такви моменти. Секое дружење со публиката ми е значајно и ми дава многу енергија…

Balkan Music: Имаш освоено многу награди на фестивали. Која до сега ти е најдрага од сите нив?

Стојне Николова: Секоја награда си има посебно место, но наградите за интерпретација ми се најдраги.

Balkan Music: Имаш одличен тим кој што работи на создавање на нови и одлични песни за тебе. Како тим, што е она што ве инспирира при создавање на нови песни?

Стојне Николова: Така е, слободно можам да кажам дека тимот со кој работам ми е даден од Бог. Секогаш моите идеи ги реализираат баш онака како што сум ги замислила… луѓе кои ми се моето второ семејство. Мојсо продукција е позади мене и се грижи за се што е потребно за мојата кариера.

Balkan Music: Кои се твоите омилени дуети или соработки со други колеги музичари?

Стојне Николова: Еден од најомилените мои дуети ми е дуетот со Дамјан Стојановски, а што се однесува до соработките најдрага ми е соработката со Манчи за песната „Камјонџија“.

Balkan Music: Што мислиш за состојбата на македонската фолк-естрада денес и дали има доволно поддршка за овој жанр на музика?

Стојне Николова: Па во дефицит сме реално на млади и квалитетни вокали. Скоро и да нема некој кој се појавил последните години, а да е “цел пакет”… глас, стас, харизма… Мислам дека работите се сменети за разлика од пред неколку години, луѓето почнаа повеќе да ја слушаат и почитуваат нашата песна, но уште многу треба и од страна на пеачите за да биде на ниво како што и таа заслужува.

Balkan Music: Каква музика слушаш приватно и дали тоа можеби влијае врз твојот стил и создавање на нова музика?

Стојне Николова: Слушам секаква музика, и интертпретирам и поп и фолк. Па и не влијае нешто многу, многу во создавањето на нови песни.

Balkan Music: Моментално си актуелна со одличната “Најлична невеста”. Која беше инспирацијата за создавање на оваа песна и истовремено снимање на професионалниот, интересен и оргинален видеоспот?

Стојне Николова: Така е. Тоа е мојата најнова песна. Сакав да направам песна која ќе ја посветам на сите невести. Инаку музиката и аранжманот се на Инан Неџипович, а текстот на Орце Зафировски. Видеото го работевме со Арт Студио продукција.

Balkan Music: Што е следно во твојата музичката кариера? Дали планираш нова песна, учество на музички фестивал или пак можеби нов албум во блиска иднина?

Стојне Николова: На нова песна веќе се работи и подготвувам уште неколку песни за да го докомплетирам мојот трет студиски албум.

Balkan Music: И на крајот од ова наше интервју, како и на кој начин ќе ги поздравиш гледачите на единствената музичка телевизија во Македонија Балкан Мјузик и читателите на нашиот сајт?

Стојне Николова: Да слушаат убава музика која ги полни со позитивна енергија и да го живеат животот денес, зошто реприза нема.

Интервјуто го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ

Може да ви се допаѓа и
Будење на пролетта со „На Здравје“ – недела во 20 часот на Balkan Music TV (Видео)
Христос Воскресе – Вистина Воскресе! Како дел од нашите македонски музички ѕвезди го дочекуваат Велигден? (Фото)
Бендот што не мирува: „Адреналин бенд“ со експлозија на проекти во 2025 (Фото)
Само на Балкан Мјузик телевизија – Празнична програма исполнета со многу македонска музика, радост и традиција (Видео)