Почетна > Арт Студио Продукција > „Старата Авлија“ – нова песна на Николче Симоновски-Јошката за неговото Јени Маале премиерно само на Балкан Мјузик (Фото+Видео)

„Старата Авлија“ – нова песна на Николче Симоновски-Јошката за неговото Јени Маале премиерно само на Балкан Мјузик (Фото+Видео)

///
Comments are Off

Познатиот македонски пејач кој долги години живее и работи во Австралија, Николче Симоновски – Јошката, утре (28-ми септември) точно напладне ќе ја промовира својата најнова песна „Старата Авлија“ на Балкан Мјузик телевизија. Песната е создадена со музика и текст на Боби Поповски, аранжман на Вангел Мазевски, а истата е снимена во студиото на Раде Стаматов.

„Старата Авлија“ е песна со посебна емоција – посветена на родната Битола, односно на маалото Јени Маале, местото каде што пејачот израснал и за кое вели дека е „најубавата и најградска населба во Битола“.

Со песната премиерно ќе биде претставен и видеоспотот, кој Јошката го сними за време на неговиот летен престој во родниот град. Зад реализацијата стојат Дејан Горгиев и Арт Студио продукција, познати по своите висококвалитетни и емотивни видеа.

Спотот е снимен на повеќе препознатливи и убави локации во Битола: Широк сокак, Старата битолска чаршија, планината Пелистер кај моликите, а централното место го има токму Јени Маале, како симболична и емотивна нишка на целата приказна. Дел од видеото е снимено и во семејната куќа на Јошката, а во него учествуваат неговите најдобри пријатели и другари, кои ја збогатуваат атмосферата со автентичност и искреност.

„Мојата најнова песна е снимена за мојата родна Битола, а видеоспотот го снимав на локации кои го носат вистинскиот дух на градот. Најголема чест и радост ми е што главната локација е моето родно маало – Јени Маале“, изјави Јошка за Балкан Мјузик.

Покрај оваа промоција, пејачот открива дека наскоро подготвува уште неколку видеоспотови. А неофицијално, дознаваме дека Јошката веќе планира и голем концерт во Битола следната година, кој би се одржал на градскиот стадион – настан што сигурно ќе предизвика големо внимание кај публиката.

Не заборавајте – утре, 28-ми септември, точно напладне премиерно ќе можете да ја проследите песната и видеоспотот за „Старата Авлија“ само на Балкан Мјузик телевизија.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Нада Мамула: Од љубов кон музиката до забранета песна што ја сакаше Јованка Броз
Борче Наумовски – Министерот за естрада: 35 фестивали, 30 години кариера и голем концерт во Битола (Фото)
Се снимаат новите продолженија од „На Здравје“ – ѕвездена музичка дружба во Македонско село (Фото+Видео)
„Синтезис“ ја претстави Македонија во Индија: Гајда, тапан и вокали што обединуваат култури (Фото)