Во прекрасниот амбиент на ресторанот „Бир Гарден“ во Дебар Маало, легендарната фолк пејачка Соња Тарчуловска го промовираше својот старо-нов сингл „Црвено“, придружен од впечатлив видеоспот.
Вечерта доби посебен сјај со неочекуваното изненадување – промоција на урбаната ремикс-верзија на нејзиниот вечен хит „Во бело“.
Настанот беше посетен од голем број медиуми, колеги и обожаватели, меѓу кои и реномираните музичари Браќата Тавитјан. Атмосферата беше исполнета со позитивна енергија, правејќи вечерта незаборавна за сите присутни. Со оваа промоција, Соња Тарчуловска повторно докажа дека нејзината музика останува безвременска, а нејзините хитови продолжуваат да живеат во нови и современи аранжмани.
Интересно е што песната „Во бело“ е еден од нејзините најголеми хитови, која и донела голем финансиски успех и настапи во САД и Австралија. Новиот сингл „Црвено“ е авторско дело на нејзината ќерка Мелани, што покажува дека музиката во семејството Тарчуловски продолжува да е важен дел од нивниот живот.