Почетна > Македонија > Со македонска музика и познати балкански ѕвезди, Прилеп повторно ќе го слави летото со вкусна скара, одличен звук и полна душа

Со македонска музика и познати балкански ѕвезди, Прилеп повторно ќе го слави летото со вкусна скара, одличен звук и полна душа

///
Comments are Off

По неколку години тишина, најжедната манифестација во Македонија конечно се враќа – и тоа не каква било враќање – туку со полна чаша, полна сцена и полна душа. Од 18-ти до 20-ти јули, Прилеп повторно ќе стане престолнина на добрата енергија, гласната песна и вкусната скара – „Пивофест“ е назад!

Под отвореното небо и меѓу мирисот на пржено месо и свежо точено пиво, оваа година фестивалот ја крева атмосферата на ново ниво. Почнуваме во петок, 18-ти јули, со вечер што им оддава чест на нашите корени. Камерниот оркестар од Битола, заедно со гласовите на Наде Талевска, Андријана Јаневска и Ристо Самарџиев, ќе не поведе низ времето, спојувајќи ја македонската традиција со класичниот звук – симфонија под ѕвездено небо што ветува емоции и гордост.

Саботната ноќ, 19-ти јули, е резервирана за балканскиот боем и магионичар на сцената – Харис Џиновиќ! Подгответе ги гласните жици, бидејќи со хитови како „Muštuluk“ и „I tebe sam sit kafano“, ќе се пее во еден здив – сите заедно, сите гласно, сите со срце. Харис ќе донесе она што само вистински легенди знаат – вечер што се памети и раскажува.

Финалето, недела 20-ти јули, го заокружува Никола Роквиќ – човекот со харизма, моќен вокал и песни што допираат. Идеален крај за викенд полн со убавини – од емоции, преку музика, до секое парче скара и секоја голтка пиво.

И ако мислите дека е само музика – не сте биле на „Пивофест“. Со над 10 видови пиво – од македонско, преку српско и босанско, па сè до грчки специјалитети – љубителите на хмељот ќе бидат како деца во продавница за играчки. А кога ќе го споиш тоа со прилепската скара – знаете што добивате? Врв на летното уживање.

Ова лето, не оди на море – дојди во Прилеп. Забавата е овде.

Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ

Може да ви се допаѓа и
Тајзи, Либеро Бенд, Марија Шерифовиќ – дел од „Тиквешки Гроздобер 2025“ (Фото)
„Марифет“ со спектакуларен концерт во Прилеп го одбележа 10 годишниот јубилеј (Фото)
Музика, емоции и семејна топлина во новото издание на „На Здравје“ на Балкан Мјузик Телевизија (Видео)
Измина уште една одлична епизода на „На Здравје“ со македонските музички гордости