Иако ги испративме новогодишната ноќ и празничните денови, тоа не значи дека еуфоријата треба да згасне. Напротив – магијата сè уште живее. Во студиото на „На Здравје“, празничната атмосфера продолжува со многу музика, насмевки и наздравувања – токму онака како што доликува за овој период од годината.
Ова е време кога се слави животот, музиката и убавите моменти. Се пее од срце, се наздравува искрено и се посакува здравје – не само за празниците, туку и за сите следни 365 дена.
Бидете дел од вечер исполнета со позитивна енергија и добра македонска музика и дозволете празничниот дух да ве следи и во Новата година.
Фрекфенцијата добро позната, Балкан Мјузик Телевизија, недела, 11-ти јануари со почеток во 20 часот.
И во новата година, нека ни е на здравје!
Текстот го подготви: Иван Јосимовски






