Кога музиката зборува, срцата пеат! Во најновата неделно-празнична епизода на „На здравје“, весели ноти, големи имиња и еуфорична атмосфера го направија ова издание вистински музички спектакл!
Како и секогаш, група Круна беше задолжена за ритамот што не држеше на нозе, а нашите гости се погрижија никој да не остане рамнодушен. Петар Нечовски не’ прошета низ чаршиите со желбата „Да има дуќан на Струга“, Дани Даниела со многу емоција му порача на својот сакан дека „Лудо го посакува“, а Спасен Силјановски ја распука атмосферата со „Распукај срце ко Шар Планина“.
Но, забавата тука не застана! Орде Неделковски заедно со група Круна ја донесе магијата на „Птицо бела“, а Елена Јовческа ја подигна енергијата со добро познатата „Џингралака“. За оние кои сакаат традиција и македонска душа, Горде со „Давај ме, мила мамо, давај ме“ и Виртуоз Бенд со „Македонско девојче“ беа шлаг на тортата на оваа вечер исполнета со музика, емоции и незаборавни моменти.
Ако мислевте дека оваа недела беше спектакуларна – почекајте да видите што ве очекува следната! Запомнете, само на добро познатата фреквенција (Алфа ТВ/Балкан Мјузик ТВ) и во резервираниот термин (16ч/20ч) за најдоброто музичко шоу – „На здравје“!