Почетна > Балкан > Поранешниот менаџер на Чолиќ – Адис Гојак ја напушти вилата по експлозијата на Дедиње

Поранешниот менаџер на Чолиќ – Адис Гојак ја напушти вилата по експлозијата на Дедиње

///
Comments are Off

Синоќа во елитната белградска населба Дедиње била фрлена експлозивна направа во близина на вилата на познатиот пејач Здравко Чолиќ. Експлозијата била силна и предизвикала материјална штета на објектите во непосредна околина.

Според информациите од терен, оштетен е стаклениот дел од куќата која се наоѓа веднаш до вилата на Чолиќ, а во која живее неговиот поранешен менаџер Адис Гојак. Пукнала и стаклената ограда, но засега нема информации за поголема материјална штета или повредени лица.

Во текот на денешниот ден, екипа на српските медиуми го забележала Адис Гојак како ја напушта својата вила. Тој бил снимен додека пакува лични работи во џип паркиран во гаражата, а со него биле и неколку други лица. Причините за неговото заминување не се официјално соопштени. Откако во јавноста се појавија шпекулации дека токму Гојак можеби бил цел на нападот, тој кусо се огласи за медиумите.

„Навистина не знам за таа приказна дека јас сум бил цел. Не сум слушнал такво нешто и се надевам дека не е точно. Со Здравко не сум се слушнал“, изјави Гојак.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а истрагата е во тек. Надлежните институции работат на утврдување на околностите, мотивите и можните сторители на овој сериозен инцидент кој ја вознемири јавноста.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Музичкиот феномен Јаков Јозиновиќ го претставува новиот сингл „Ја волим“ (Фото+Видео)
Сеќавање на доајенот на македонската народна музика – Петранка Костадинова (Видео)
Нови детали по експлозијата кај вилата на Чолиќ: Кој бил вистинската цел? (Фото)
Експлозија пред домот на Здравко Чолиќ во Белград – фрлена рачна бомба, нема повредени (Фото)