Почетна > Македонија > Патриотизам, емоции и незаборавна музика – Гоце фест 2025

Патриотизам, емоции и незаборавна музика – Гоце фест 2025

///
Comments are Off

Домот на АРМ синоќа блескаше во духот на Македонија – исполнет со љубов, емоции и исконска гордост! 35-тото издание на Гоце Фест донесе вистински музички спектакл, каде што 21 нова песна ја раскажаа приказната за нашата земја низ звукот на патриотизмот.

Како и секоја година, фестивалот ги обедини големите македонски музички имиња со новите таленти, создавајќи вечер полна со незаборавни моменти. Круме Спасовски, Ванчо Тарабунов, Ани Малинкова, Петар Нечовски, Серафина Фантаузо, Фантастик бенд, Лилјана Прнаркова – ова се само дел од имињата кои ја кренаа атмосферата и ја потсетија публиката на убавината на македонската песна.

Секој настап беше посебна приказна – емоционални балади, силни патриотски химни, темпераментни ора што ја разиграа салата… Ниту еден тон не беше отсвирен залудно, ниту еден стих не беше отпеан без чувство.

По сите изведби, жирито и публиката имаа тежок избор – но, конечно, победниците беа прогласени:

Награди од публиката:

  • Прво место: Ванчо Тарабунов – „На многаја лета“
  • Второ место: Петар Нечовски & Патрик Николов – „Деца бевме, пораснавме“
  • Трето место: Дарко Стојаноски – „Доста веќе е мој народе“

Одлука на жирито:

  • Прва награда: Горан Тодоровски – „Гоце и војводите од Мрвашко“
  • Втора награда: Фантастик Бенд – „Говрчево“
  • Трета награда: Јулија – „Само љубов, мир и песна“ & Василија Петрова – „Оро македонско“

Но, фестивалот не заврши тука! Специјални награди добија оние кои се истакнаа во различни категории:

  • Најдобар аранжман: Горан Тодоровски – „Гоце и војводите од Мрвашко“,
  • Најдобар текст: Томислав Коцевски – „Ти си синот Македонски“ (изведба: Серафина Фантаузо),
  • Најдобар дебитант: Група Здраве Мјузик – „Вечна да е Македонија“,
  • Награда „Никола Бадев“ за најдобра интерпретација: Катерина Брезева & Група Соната – „Момче Македонче“ & Методија Столески – „Руво Зетовски“,
  • Награда „Јонче Христовски“ за највпечатлив настап: Кирил Чокузовски – „Македонијо“

Оваа година, фестивалот оддаде признание на легендите на македонската музика, кои со својата долгогодишна работа придонеле за неговиот развој. Лилјана Прнаркова, Круме Спасовски, Ванчо Тарабунов, Ангеле Ниневски и Пеце Здравковски беа почестени за нивниот неуморен труд и љубов кон македонската песна.

Со харизматичната водителка Сузана Апостоловска, фестивалот беше вечер на гордост, носталгија и бескрајна љубов кон Македонија. А ако ја пропуштивте оваа магична ноќ – не грижете се! Фестивалот ќе биде емитуван на македонска ТВ Сонце, а следната година ве очекува ново издание со нови песни и уште поголем ентузијазам!

Може да ви се допаѓа и
Ориенталниот сјај на Македонија – Елена Вукановска на најголемиот европски фестивал во ориентален танц
Свечено отворање на фестивалската сала „Ванчо Чавдарски“ во Владимирово
Пласидо Доминго во Скопје – магијата започнува!
„Бисер Јадрана 2025“ – Музичко патување кон врвот