Почетна > Македонија > Весело, гласно и со стил: Новогодишна еуфорија во „На Здравје“ – последна епизода за 2025-та на Балкан Мјузик тв (Видео)

Весело, гласно и со стил: Новогодишна еуфорија во „На Здравје“ – последна епизода за 2025-та на Балкан Мјузик тв (Видео)

///
Comments are Off

Уште една година останува зад нас, а музичкиот серијал „На Здравје“ традиционално ја заокружува 2025 година со посебна, новогодишна епизода исполнета со радост, песна и позитивна енергија.

Во последното издание за оваа година, гледачите ќе уживаат во вистинска празнична атмосфера – ќе се радуваме, ќе пееме и ќе наздравуваме за сè што ни донесува Новата година. Новогодишниот дух веќе се чувствува насекаде, а студиото на „На Здравје“ пулсира со еуфорија, смеа и музика која ги спојува генерациите.

Последните подготовки за највеселата ноќ во годината се при крај, а започнуваат деновите кога славењето станува заеднички јазик на сите. Токму затоа, оваа епизода носи посебна магија – комбинација од добро расположение, препознатливи мелодии и празнична топлина.

Не пропуштајте ја новогодишната епизода на „На Здравје“, во недела 28-ми декември со почеток од 20 часот на Балкан Мјузик телевизија, каде што со музика и насмевки ќе ја испратиме старата и ќе ја пречекаме Новата година.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Јане Славов и Алерт Бенд: Новата енергија што ја раздвижува македонската музичка сцена (Фото)
Љубов, музика и судбина: Приказната на Кевсер и Ѓорѓи што ја освои Југославија (Фото)
Со многу емоции, песна и музика заврши концертот посветен и во чест на Маестро Милан Завков
„Група Круна“ со нов свадбарски хит посветен на свекрвата – премиера за Велигден (Фото)