Почетна > Балкан > Нови детали по експлозијата кај вилата на Чолиќ: Кој бил вистинската цел? (Фото)

Нови детали по експлозијата кај вилата на Чолиќ: Кој бил вистинската цел? (Фото)

///
Comments are Off

Екипа на српскиот портал „Телеграф“ дојде до првите снимки од вилата на Здравко Чолиќ по драматичниот настан што ја вознемири јавноста во текот на ноќта. Според увидот на лице место, може да се забележи дека штетата на домот на познатиот пејач е помала во споредба со онаа на куќата која се наоѓа веднаш спроти неговата.

Станува збор за објект во сопственост на поранешниот менаџер на Чолиќ, Адис Гојак, за кого, според неофицијални информации, се сомнева дека можеби бил вистинската цел на нападот. Од силната детонација, на неговата куќа се искршени повеќе стакла, додека стаклената ограда во дворот е целосно уништена.

И покрај силниот удар, луксузниот автомобил паркиран во дворот на Гојак не е оштетен. Од другата страна, пред вилата на Здравко Чолиќ, во близина на капијата, бил паркиран бел автомобил на кој му се искршени прозорците, а парчиња стакло завршиле на седиштата.

Како што беше објавено претходно, во моментот на експлозијата во куќата на Чолиќ се наоѓале тој, неговата сопруга и ќерката Лара. За среќа, сите тројца се физички неповредени, но, според извори блиски до семејството, се во голем шок поради немилиот настан. Неговата ќерка Уна, во тој момент, не била присутна во вилата.

Истрагата е во тек, а надлежните служби работат на расветлување на сите околности поврзани со експлозијата што ја вознемири јавноста и жителите на овој мирен крај.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
„Модерато Бенд“ со нов музички проект и најава на нова авторска композиција (Фото)
Соната со нов бран кавери што публиката веќе ги бара – проект кој што ги оживува македонските ретро хитови (Фото)
Кога музиката и храната се спојуваат – време е за „На Здравје“ (Видео)
Љубов, традиција и чалгија: Пријави ја својата песна за „Лешочки Фолк Фест 2026“