Почетна > Македонија > Недела резервирана за македонска традиција: Нова епизода од „На Здравје“ во недела во 20 часот (Видео)

Недела резервирана за македонска традиција: Нова епизода од „На Здравје“ во недела во 20 часот (Видео)

///
Comments are Off

Заљубени, расположени и „напоени“ од убаво македонско вино – така и оваа недела ќе нè пречека новото издание на музичкиот серијал „На Здравје“, кој продолжува да ја слави македонската песна, традиција и заедништво.

На фреквенцијата на Балкан Мјузик телевизија, гледачите ќе имаат можност да уживаат во уште една епизода исполнета со многу игра, искрена песна и внимателно одбрани македонски музички имиња – уметници кои со својата енергија и автентичност оставаат силен печат на домашната сцена.

„На Здравје“ не е само музичка емисија, туку приказна за моментите што се паметат – кога песната има подлабоко значење, храната станува повкусна, а времето поминато со семејството и блиските добива посебна вредност. Токму тие мигови, споделени со чаша вино и македонска песна, се срцето на овој серијал.

Затоа, подгответе се за уште една топла и искрена музичка вечер. Нека ни е „На Здравје“ – во недела во 20:00 часот, само на Балкан Мјузик телевизија.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Ново поглавје за „Фолк Фест Валандово“ – што носи изданието 2026?
Кога македонската песна се слави најгласно – Велигденска еуфорија во „На Здравје“ со многу музика, игра и атмосфера за паметење (Фото+Видео)
Јане Славов и Алерт Бенд: Новата енергија што ја раздвижува македонската музичка сцена (Фото)
Љубов, музика и судбина: Приказната на Кевсер и Ѓорѓи што ја освои Југославија (Фото)