Почетна > Македонија > „На здравје, Орде!“ (Фото)

„На здравје, Орде!“ (Фото)

///
Comments are Off

Во најновата епизода од музичкиот серијал „На здравје и внедела, повторно ќе се дружиме со златните грла на домашната сцена, кои од епизода во епизода стануваат сè погласни, посјајни и повесели!

Овој пат, во 16 часот на националната Алфа телевизија и во 20 часот на Балкан Мјузик телевизија, ќе се веселиме со добро познатите Чеде Спасиќ, Анета Љумаковска, Ангела Влинтовска, Александар Тасевски, Мишко Крстевски, Катерина Брезева… А, за врвна забава, тука се и ненадминливите Група Круна.

Но, овој викенд носи и една специјална вест – нашиот омилен водител и колега, Орде Неделковски, „рипна в тавче“!

На 2 март, Орде направи свадба за паметење, каде што гостите уживаа во незаборавна атмосфера. За музиката се погрижија Ориентал бенд, а чест да ја отвори свадбата му припадна на Влатко Лозаноски, кој со песната „Жена како ти“ создаде совршен амбиент за првиот свадбен танц. Веднаш потоа, Анета Љумаковска ја презеде штафетата и забавата продолжи со полна пареа.

Од срце му честитаме на Орде и неговата сакана, со желби за долг, среќен и исполнет живот, полн со љубов и радост!

На здравје Орде и нека ви е со среќа!

Може да ви се допаѓа и
Трагедија во Кочани: Пожар во дискотека „Пулс“ за време на концерт
Плеј Бенд ја освојува македонската сцена – по снимањето на кавери најавуваат авторска песна
За душа и срце – уште една неделна музичка идила (Видео)
Ориенталниот сјај на Македонија – Елена Вукановска на најголемиот европски фестивал во ориентален танц