Почетна > Балкан > Лепа Брена замина во пензија – но сцената останува нејзин дом

Лепа Брена замина во пензија – но сцената останува нејзин дом

///
Comments are Off

По повеќе од четири децении блескава кариера, Лепа Брена, една од најголемите музички икони на просторите на поранешна Југославија, официјално се пензионираше. Само пет дена по својот спектакуларен настап на охридскиот стадион „Билјанини Извори“, 64-годишната пејачка го стекна статусот пензионерка – но, како што самата вели, не се чувствува така.

Сè уште не е објавено колкава пензија ќе прима, а во јавноста кружат шпекулации дека ѝ следува и национална пензија, како признание за исклучителниот придонес во музиката. Извор близок до Брена за српскиот портал „24sedam“ открил дека пејачката нема намера да ја напушти сцената:

„Мило ѝ е што ја дочека пензијата, но титулата ѝ е малку необична. Ќе продолжи да пее и да ужива во животот, како што почна уште за време на пандемијата. Тогаш сфати колку е важно да посвети време на себе и на Боби, по години напорна работа“.

Со или без пензија, Лепа Брена останува активна, харизматична и омилена на својата публика ширум Балканот.

Може да ви се допаѓа и
Големо велигденско финале на празничната програма вечерва со Алерт Бенд во 20 часот на Балкан Мјузик (Видео)
Велигденската еуфорија продолжува со свадбарскиот сплет на Бобан Цаневски и Еуфорија Бенд (Видео)
Лени Партикова со големиот концертен спектакл дел од празничната велигденска програма на Балкан Мјузик (Видео)
Вечер за уживање: Велигден со група Плетенка – музика што ја допира душата (Видео)