Во едно неодамнешно интервју, босанската пејачка Ханка Палдум ја обвини српската фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ дека без дозвола искористила неколку нејзини песни. Станува збор за нумерите „Траžio si sve“, „Volela sam, volela“ и дуетот „Crni sneg“ со Аца Лукас, кои Цеца ги претвори во вистински евергрини.
Иако овие песни првично не биле големи хитови, Цеца им вдaши нов живот со своите изведби, со што добија значителна популарност кај новите генерации. Авторот на првите две песни, рок музичарот Милиќ Вукашиновиќ, изјави дека Цеца сè платила легално и согласно законот. За песната „Crni sneg“, авторот Хари Мата Хари прво ја продал на Цеца, која потоа ја снимила со Лукас.
На прашањето за обвинувањата од Ханка, Цеца кусо изјавила:
„Па, тоа ѝ останува, само да се жали!“.
Милиќ Вукашиновиќ дополнително нагласи дека сè било уредено уште во време на војна, дека Аркан посредувал во трансферот, и дека благодарение на новите изведби, песните станале дел од фолк антологијата.
„Треба да ѝ биде благодарна на Цеца што ги внесе песните во вечноста. Денес младите ги пеат, а многумина ни не знаат дека оригинално ги пеела Ханка“, изјави Вукашиновиќ.
Контроверзата повторно ја отвори вечното прашање во регионалната музичка сцена: кому му припаѓаат песните – на изведувачите што први ги снимиле или на оние што од нив направиле хит?