Почетна > Македонија > Голем јубилеен концерт на Инструментал Бенд во Битола со познати музички ѕвезди од цела Македонија (Фото+Видео)

Голем јубилеен концерт на Инструментал Бенд во Битола со познати музички ѕвезди од цела Македонија (Фото+Видео)

///
Comments are Off

На 16-ти јули, со почеток во 21:00 часот, на величествената сцена на античкиот театар Хераклеа во Битола, ќе се одржи еден од најочекуваните музички настани ова лето – јубилејниот концерт на Инструментал Бенд, по повод одбележување на 20 години постоење и активно делување на македонската музичка сцена.

Инструментал Бенд, кој во изминатите две децении се изгради како еден од најавтентичните и најпрофесионални состави кај нас, ќе понуди вечер исполнета со емоции, музички врвни моменти и незаборавна енергија. Покрај нивните најголеми хитови, публиката ќе има можност да ужива и во изведби на познати песни од македонски и балкански музички великани.

Како дополнителен магнет за публиката, на сцената ќе се приклучат и неколку звучни музички имиња кои ќе дадат специјален печат на вечерта: Анета Љумаковска, Димитар Андоновски, Ламбе Алабаковски, Ѓоко Јовиќ, Бојан Стојков и Николче Мицевски – познатиот македонски композитор и мултиинструменталист. Сите заедно ќе создадат музички колаж кој го слави звукот, пријателството и вредностите што Инструментал Бенд ги негува цели 20 години.

Во духот на солидарноста, од Инструментал Бенд најавуваат дека дел од приходите од концертот ќе бидат донирани за семејствата на настраданите од неодамнешната трагедија во Кочани. Со ова, концертот добива и дополнителна вредност – не само како уметнички туку и како хуман гест.

Билетите се веќе пуштени во продажба и може да се набават на следниве локации: Tobacco Dimpo – Битола, Hive Caffe – Прилеп и преку kupikarta.com.

Инаку, за реализацијата на концертот ќе се погрижи реномираната Арт Студио продукција, во соработка со Балкан Мјузик ТВ, која ќе го сними целиот настан. Концертот потоа ќе биде одложно емитуван на нашата програма – на задоволство на сите оние кои нема да успеат да присуствуваат, но сакаат да ја доживеат магијата.

“Чест и задоволство ќе ни биде да ја споделиме оваа вечер со нашата публика – и да го прославиме она што за нас значи 20 години музика, љубов и заедништво”, велат од Инструментал Бенд.

Текстот го подготви: ПР тимот на Балкан Мјузик ТВ

Може да ви се допаѓа и
Никола Станишиќ – Победник во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“
„Модерато Бенд“ од Кавадарци со своја прва авторска песна „Слуга“ – Љубовна балада што ќе го освои срцето на публиката (Фото)
„На Здравје“ – И оваа недела македонската песна живее со својата публика! (Видео)
„Земјо Македонска“ и „Медена гајда“ го обележаа новото „На Здравје“ музичко дружење на Балкан Мјузик