Почетна > Македонија > Вечниот крал оживува во Скопје: “Forever Jackson” шоу во Македонската филхармонија

Вечниот крал оживува во Скопје: “Forever Jackson” шоу во Македонската филхармонија

///
Comments are Off

На 18 мај (недела), љубителите на музиката и обожавателите на Мајкл Џексон ќе имаат единствена можност да уживаат во спектаклот “Forever Jackson” – официјален трибјут концерт кој ќе се одржи во Македонската филхармонија.

Ова сценско шоу, кое зад себе има светска турнеја и илјадници восхитени фанови, го носи Робин Парсонс – еден од најпризнатите и најверните интерпретатори на Мајкл Џексон, со повеќе од 10 години искуство во улогата на Кралот на попот. Неговата вокална и сценска сличност со легендата се фасцинантни, а неговите настапи добиваат пофалби од медиуми низ целиот свет.

Со повеќе од 15 уметници на сцена, концертот ќе понуди врвно искуство – од Thriller до HIStory, со live бенд, танчери, спектакуларни светлосни ефекти и енергија што ќе ве врати во златната ера на поп музиката.

“Forever Jackson” не е само концерт, туку вистинска времеплов машина што ја оживува магијата на Мајкл Џексон – онака како што само најдобрите умеат.

Билетите се веќе во продажба преку ticketx.mk и низ продажната мрежа на TicketX низ Македонија, по следниве цени:

  • 1.200 денари
  • 1.500 денари
  • 1.800 денари

Важно: Се работи за едно ексклузивно шоу. Бројот на места е ограничен – осигурајте си билет навреме!

Може да ви се допаѓа и
Кога музиката и храната се спојуваат – време е за „На Здравје“ (Видео)
Љубов, традиција и чалгија: Пријави ја својата песна за „Лешочки Фолк Фест 2026“
Кога сите ја отпишаа „Јорговани“ – само Весна Змијанац знаеше дека ќе биде хит (Видео)
Чолиќ повторно удира во срце: „Не дај да остарим сам“ е новата химна за љубовта (Видео)