Почетна > Арт Студио Продукција > Елена Јовческа со нова песна и видеоспот: „Свадба правам Македонија“ снимен во срцето на Мариово (Фото)

Елена Јовческа со нова песна и видеоспот: „Свадба правам Македонија“ снимен во срцето на Мариово (Фото)

///
Comments are Off

Изминатиот викенд, познатата македонска фолк пејачка Елена Јовческа, заедно со тимот на Арт Студио продукција и Балкан Мјузик телевизија, го сними видеоспотот за својата најнова песна насловена „Свадба правам Македонија“.

Музиката е дело на Зеки Бекир, текстот го потпишува самата Елена Јовческа, а аранжманот го изработи Никола Кочанковски – Кочан. Спотот се снимаше во селото Дуње, Мариово, во автентичната етно куќа „БлагиБог“, која совршено ја долови традиционалната атмосфера.

За збогатување на визуелниот и културниот елемент, во снимањето учествуваше и КУД „Мирче Ацев“. Главните улоги – младоженецот и невестата – ги толкуваа Филип Талески и Натали Павловиќ, кои внесоа доза на романтика и животност во приказната.

И покрај лошите временски услови – дожд и силен ветер – продукцискиот тим успеа да ја реализира идејата до крај.

„Се снимаше со љубов и посветеност, и верувам дека публиката ќе го почувствува тоа“, вели Јовческа.

За стајлингот на пејачката се погрижи Маја Андревска Кадријовска од Битола, а за шминката и фризурата – „En Beauty Studio“ од Скопје.

„Песната носи љубовна порака, нешто што се случува секојдневно во нашите животи. Верувам дека многумина ќе се пронајдат во неа,“ изјави пејачката. Таа истакна дека е презадоволна од соработката со Арт Студио, опишувајќи ја како професионална, посветена и топло прифатена, без оглед на предизвиците.

Во својата изјава, Јовческа упати голема благодарност до сопствениците на етно куќата „БлагиБог“ и до сите кои учествуваа во реализацијата на спотот. Видеоспотот очекувајте го наскоро премиерно на програмата на музичката Балкан Мјузик телевизија.

Може да ви се допаѓа и
Кога традицијата и емоцијата ќе запеат заедно македонската песна живее вечно во најновата „На Здравје“ епизода (Фото)
Голем јубилеен концерт на Инструментал Бенд во Битола со познати музички ѕвезди од цела Македонија (Фото+Видео)
Никола Станишиќ – Победник во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“
„Модерато Бенд“ од Кавадарци со своја прва авторска песна „Слуга“ – Љубовна балада што ќе го освои срцето на публиката (Фото)