Почетна > Македонија > Елена Андоновска – македонската етно-фолк ѕвезда со голем солистички концерт на 15-ти декември во МОБ (Фото)

Елена Андоновска – македонската етно-фолк ѕвезда со голем солистички концерт на 15-ти декември во МОБ (Фото)

///
Comments are Off

На 15-ти декември 2025 (понеделник) со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет (МОБ) ќе се одржи голем солистички концерт на познатата македонска етно-фолк пејачка Елена Андоновска.

Оваа уметничка вечер ќе биде вистинско музичко доживување за сите љубители на македонската изворна и модерна фолк музика. Андоновска, која зад себе има богата музичка кариера и бројни хитови, на сцената ќе ги испее своите најголеми песни, но и ќе приреди низа музички изненадувања специјално за својата публика. Пејачката со својата моќна интерпретација и препознатлив стил важи за една од најценетите изведувачки на етно и фолк сцената во Македонија, а нејзините настапи секогаш се исполнети со емоции и силна енергија.

Дали концертот ќе вклучи и гостински изведувачи, кои песни ќе се најдат на репертоарот, и како ќе изгледа целата вечер – останува да се открие во следниот период. Едно е јасно: вечерта на 15-ти декември ќе биде резервирана за вистински музички спектакл.

Продажбата на влезници за големиот концерт ќе започне наскоро, а сите детали ќе бидат објавени ексклузивно на Балкан Мјузик. Затоа останете со нас и бидете меѓу првите кои ќе дознаат сè што подготвува Елена Андоновска за оваа посебна вечер.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Македонската традиција во полн сјај: И оваа недела „На Здравје“ продолжува да ја раскажува музичката приказна (Видео)
„Уникат Бенд“ со рекордна сезона: концерти, соработки и настапи од Македонија до Германија (Фото)
Нов промотивен бум на Христина Илиоска: Mashup од 9 песни, топ продукција и новогодишна турнеја во САД (Фото)
„Бендот на Браќа Нуне“ со нов музички проект: 40 минути македонски свадбени хитови во модерен аранжман (Фото)