Вчера вечер 18-ти февруари среда, ДаКапо Бенд прослави значаен јубилеј – 10 години активно присуство на музичката сцена. По тој повод, бендот одржа промотивна забава каде пред публиката за првпат беа јавно претставени нивните две нови музички изданија: една песна и една инструментална композиција.
Новата песна го носи насловот „Оди си“, додека инструменталната композиција е насловена „Cocktail“. Со овие изданија, бендот го продолжува својот авторски пат започнат со претходните песни „Заборав“ и „Казна“, кои беа одлично прифатени од публиката.

Песната е компонирана и продуцирана од Тодор Ушитков, продукцијата е реализирана во AudioLab Studio – Тодор Ушитков, додека текстот е дело на Антонио Тасевски заедно со Тодор.
Настанот претставуваше вистинска прослава на десетгодишната работа на бендот, но и искрена благодарност до сите пријатели, соработници и фанови кои ги поддржуваат низ годините.


Зад успехот на Dacapo Band стојат членовите:
- Антонио Тасевски – вокал
- Илија Мицев – труба
- Никола Давчев – тапани
- Тодор Ушитков – клавијатури
- Горан Костадинов – клавијатури
- Влатко Ѓорчев – кларинет
Јубилејната прослава потврди дека ДаКапо Бенд е препознатливо име на домашната музичка сцена. Новите изданија се продолжение на нивниот авторски развој и навестување за уште поактивен период што следува. Публиката може да очекува нови проекти и настапи во текот на годината.






