Почетна > Македонија > Битолската „Еуфорија“ со нова енергија и најава на авторска песна во „На Здравје“ (Фото)

Битолската „Еуфорија“ со нова енергија и најава на авторска песна во „На Здравје“ (Фото)

///
Comments are Off

И оваа недела, во својот стандарден термин на Балкан Мјузик телевизија, емисијата „На здравје“ донесе прекрасно музичко дружење исполнето со македонска песна, традиција и нови музички емоции. Под водство на харизматичниот Орде Неделковски, шоуто повторно ја потврди својата мисија – негување на македонската музичка култура и промоција на нови музички имиња.

Со впечатлива инструментална изведба на вечната „Катерино моме“, Влатко Ѓоргиев и Група Круна создадоа магична атмосфера на самиот почеток. Публиката имаше можност да ужива во уникатната енергија и професионалната изведба што ја постави темата на целата емисија.

Битолската Група „Еуфорија“, која постои повеќе од 25 години, се претстави со песната „Моминска клетва“, а вокалот Марија сподели интересни детали за нивната нова насока.

„Од неодамна свириме и забавна македонска и светска музика, но македонското никогаш не го забораваме. Најново е тоа што ја снимивме и нашата прва авторска песна, чиј спот го изработи најдобрата Арт Студио продукција“, изјави Марија.

Во продолжение, нашата сцена ја преплавија познати гласови со изведби на омилените македонски народни бисери.

  • Група Круна – „Глас се слуша, плач и лелек“,
  • Мартин Милошевски – „Свирете ми еј, свирачи“,
  • Ташко Кафанфиловски – „Кристина“,
  • Андријана Ацевска – „Верувај ми“,
  • Марија Петковска и Бобан Цаневски – „Каде брзаш, животе“,
  • Љупчо Јовановски Буба – „Невена“,
  • Жаклина Узунова – „Македонче Соколе“,
  • Ангела Стефановска – „За момчето охриѓанче“.

Како што започна, така и заврши оваа пред празнична епизода – со македонска традиција. Како за крај, Групата Круна свиреше познато македонско оро, а сите присутни музичари, гости и пријатели на шоуто се фатија на оро и со игра го заокружија ова прекрасно музичко патување.

Со нетрпение очекувајте ја следната празнична епизода, во која ќе има уште повеќе музика, гости, дружба и радост – сè што нè поврзува како народ и култура со нашиот голем христијански празник – Великден.

Може да ви се допаѓа и
Александар Ицов повторно во студио – наскоро ново музичко изненадување (Фото)
Исповед што ја потресе естрадата: Гоце Димовски проговори за неправдите по 35 години кариера (Фото)
Дали Гоце Димовски се повлекува од музиката? Одлука што ја потресе македонската музичка јавност (Фото)
Давор Јордановски најавува модерно издание на Интернационалната вечер на „Охрид Фест 2026“: „Не ги копираме светските трендови“