Почетна > Македонија > Велигден со македонска музика: Балкан Мјузик со богата велигденска празнична програма за душа и мерак (Видео)

Велигден со македонска музика: Балкан Мјузик со богата велигденска празнична програма за душа и мерак (Видео)

///
Comments are Off

И за време на најубавите велигденски празници, кога домовите мирисаат на топли погачи и шарени јајца, Балкан Мјузик телевизија останува верна на својата публика, носејќи специјално подготвена велигденска програма исполнета со македонска музика, позитивна енергија и вистинско празнично расположение.

Празничниот маратон започнува во недела – на самиот ден на Велигден, кога програмата добива вистинска музичка димензија.

Во 15 часот, гледачите ќе имаат можност да уживаат во проектот „Пауза за ракија 2“, каде виртуозот на хармоника Игор Димовски заедно со својот бенд и бројни музички пријатели носи автентична македонска атмосфера. Снимен на живописниот сплав во Свети Наум, овој проект е вистинска музичка разгледница полна со емоции, дружба и мерак.

Веќе во 18 часот, програмата продолжува со енергичен настап на Модерато Бенд, кои на свој оригинален начин ќе ги оживеат најголемите македонски фолк хитови. Идеален момент за добра закуска, пијалок и уживање во познатите мелодии.

Неделната вечер традиционално е резервирана за популарниот музички серијал „На Здравје“, кој и оваа празнична недела носи нова епизода исполнета со познати имиња, убави песни и топла атмосфера што ја прави оваа емисија омилена кај публиката.

Веднаш по неа, во 21 часот, следува уште едно музичко уживање – проектот „На поседок со група Плетенка“. Со својот препознатлив стил, тие ќе ги изведат најубавите македонски фолк и забавни песни, создавајќи чувство како да сте на вистинска домашна веселба.

Но, празничната магија не завршува тука.

Во понеделник велигденската празнична програма продолжува и тоа во 11 часот со големиот солистички концерт на една од најдобрите македонски женски вокали во Македонија – Лени Партикова.

Празничната програма потоа продолжува во свадбарски дух. Во 18 часот, Бобан Ценевски заедно со Еуфорија Бенд ќе ве потсетат на безвременските македонски свадбарски песни – оние без кои не поминува ниту една веселба.

Големото финале е резервирано за 20 часот, кога сцената ја преземаат Алерт Бенд, носејќи моќен свадбарски сплет кој ветува одлична атмосфера и вистинско заокружување на празничната програма.

Со ваква богата и внимателно избрана програма, Балкан Мјузик телевизија уште еднаш покажува дека знае како да ги обедини традицијата, музиката и празничниот дух во едно незаборавно телевизиско доживување.

Овој Велигден – останете дома, наполнете ја трпезата и препуштете се на добрата, убава и квалитетна македонска музика.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Љубов, музика и историја: Приказна за легендата наречена „Мањифико“ (Фото+Видео)
Со емоционална изложба Елеонора Мустафовска ја слави Есма Реџепова во Белгија (Фото)
Глас што не замолкнува: Приказната за Пепи Бафтировски (Видео)
Велигден со убава македонска музика: „На здравје“ ви носи празнична магија на Балкан Мјузик ТВ (Видео)