Македонската естрада веќе одамна ја признава Анета Љумаковска како едно од најсилните и најемотивни вокални имиња на домашната музичка сцена. Неуморно и со силно темпо, таа и нејзиниот состав „Анета Бенд“ ја заокружуваат годинава со бројни нови музички проекти, настапи ширум земјата и соработки кои уште еднаш покажуваат дека квалитетниот звук и традицијата секогаш го наоѓаат својот пат до публиката.
Во изминатиот период, вниманието на музичката јавност беше насочено кон проектите „100 по рихтер“ и најновата авторска премиера „Жена“, кои се промовираа неодамна и кои за кратко време добија силен одек меѓу публиката. Станува збор за материјали што ја истакнуваат препознатливата емоција на Анета, нејзината вокална зрелост и избраниот, современ музички израз.

Неодамна, паралелно со студиската работа, Анета и „Анета Бенд“ реализираа и специјален музички проект: снимање на сплет од македонски староградски народни песни и внимателно одбрани забавни песни, како омаж за богатата музичка традиција која ја носиме со децении. Сето тоа снимено и реализирано од страна на најдобрите – Арт Студио продукција и Балкан Мјузик телевизија.
Во овој сплет се најдоа македонските народни песни како:
- „Налеј, налеј“,
- „Деспина“,
- „Конзулски бал“…
А пак од старите забавни и евергрин хитови ќе ги издвоиме:
- „Кога те нема“,
- „Галебе мој тажен“…
и уште многу други песни што долги години живеат во македонските домови и се дел од нашето колективно музичко наследство.
Мотивацијата зад овој проект е едноставна, но моќна: негување, зачувување и современа интерпретација на македонската песна, која отсекогаш носела тежина, емоција и препознатлив печат на македонскиот звук. А кога тоа се пее од веке докажан глас како оној на Анета Љумаковска, резултатот е неминовно уникатен и автентичен.

„Анета Бенд“ со право може да се пофали дека новогодишните празници и престојните настапи ќе ги однесат на најголемите бини низ земјата. Меѓу градовите во кои каде што ќе настапуваат, се издвојуваат: Охрид, Прилеп, Скопје… а нивните настапи се секогаш придружени со силна атмосфера, многу енергија и репертоар кој ја вклучува целата емоционална палета на македонската песна – од традиционална, преку староградска, па сè до модерни хитови.
За повеќе информации и за тоа каде и кога настапуваат следете ги на социјалните мрежи, бидете дел од концертите, слушајте ја македонската музика и споделувајте ја енергијата. Годината што следува ветува уште повеќе – нови изданија, нови настапи и нови докази дека македонската музика е безвременска.
Текстот го подготви: Иван Јосимовски






