Почетна > Македонија > Драган Вучиќ – го однесоа ангелите…

Драган Вучиќ – го однесоа ангелите…

///
Comments are Off

Во едно убаво минато си постоеше една кафеана по име “Кермес” во градскиот парк во Скопје. Таму се одеше со семејството или пријателите ако си за добра скара, ама и за добра музика. А за добрата музика беа задолжени тогаш екстра популарните “Тавче гравче” кои со гласот на Смиља Митревска правеа одлична атмосфера. Но вниманието најмногу ни го одземаше високиот, насмеан и строен басист кој свирејќи на својот инструмент како да танцуваше заедно со него. Тоа беше Драган Вучиќ…

Животот е како река…тече, јури низ времето се додека не се најде препрека која ќе го сопре нејзиното течение. И тогаш застанува во место, се бори да ја урне препреката, успева или снемува сила и се откажува. Утринава со растажено срце ја примивме веста дека Драган Вучиќ засекогаш не напушти. Не успеа да ја преброди животната препрека која му се најде на патот. А низ животот се пробиваше секогаш насмеан, позитивен и неверојатно самоуверен дека во се што ќе започне, ќе биде успешен и најдобар. И така би…беше добар во “Тавче гравче”, во “Кода” , па во соло кариерата каде стави печат со хитовите “Твоите очи шараат”, “Јана Јана”, “Ника Ника”, “Кате мори Като”, “Нигде нема таква љубов” и многу други. Беше одличен и како композитор…ни ги подари “Свирете ја зајди, зајди”,”Ангели ме носат”,”Кажи ѕвездо” и уште многу други кои вивнаа други млади изведувачи или колеги во нови музички височини. Како одличен басист учествуваше во многу проекти соработувајќи со голем број балкански музичари…

Кога станува збор за Тв проекти, ќе остане запаметен по неговото шоу “Вашите пет минути” кое беше еуфорично, мега гледано и  со кое започна целата негова шоу приказна. Секогаш полн со идеи за да прикаже постојано нешто ново, несекојдневно и невидено на овие наши простори, тој низ годините покажа и докажа дека може да им пркоси на сите кои беа скептични…тој беше и остана свој на своето, уникатен во тоа што го работеше и потврди дека секој што има силна волја, може да успее во се…само ако посака…исто како него… Почивај во мир!!! (BalkanMusicTv)