Почетна > Балкан > Празни улици, пијано и Саша Ковачевиќ…

Празни улици, пијано и Саша Ковачевиќ…

///
Comments are Off

Како изгледаат преполните арени кога пее Саша Ковачевиќ тоа ни е познато на сите нам, но како изгледа кога се пее без публика…Бројните обожаватели низ целиот Балкан имаа можност да го видат и слушнат својот миленик и идол на концерт преку социјалните мрежи. Истиот беше одржан пред градското собрание на Белград, за време на полицискиот час, во придружба на неговиот бенд и екипата за реализација кои се разбира се држеа до пропишаната дистанца. За време од околу еден час Саша Ковачевиќ ги испеа своите многубројни хитови со посебна топлина во гласот и чувства, воден од самата атмосфера и вонредна ситуација во која моментално се наоѓа целокупното население. Пред почетокот, тој на социјалните мрежи им се обрати на своите сограѓани но и пошироко на сите фанови, дека со овој концерт сака да прати една позитивна порака која ќе допринесе за зацрстување на духот и телото, за подршка на здравствените работници и за безгрижните денови кои следат…

Ова воедно беше и вториот концерт што се одржа како дел од кампањата “Белград победува”. Првиот се случи на 20 –ти април кога на истото место и  во истиот амбиент, своите песни ги испеа познатиот Жељко Јоксимовиќ. Се на се, интересен начин да се поттикне моралот на граѓаните, да се исполнат со музика бескрајните часови во карантин кој полека, полека почнува да не притиска…сега кога сонцето не мами надвор, во природа, во дружба…