Почетна > Македонија > Александар и Дац – со мегахит што го освои цел Балкан…

Александар и Дац – со мегахит што го освои цел Балкан…

///
Comments are Off

Тие се активни уште од самиот почеток на “корона – кризата”…тие се со нескротлив дух кој доаѓа од нивната уметничка душа…тие се моментално во центарот на сето наше внимание затоа што ни ги стоплија срцата со пораката што ни ја упатија преку својата последна карантинска изведба насловена како “Корона Чао”, преработка на големиот хит “Bella Ciao”…Тие се Александар Митевски и Драган Спасов Дац – тандем за забава и ширење позитивна енергија…

И како за очекување, што поради зборовите што совршено се вклопија со музиката, што поради пораката која од срце кажува како веќе не можеме без дружба, гушкање и музика во кафана, оваа нивна изведба за кратко време доби безброј симпатии не само овде, туку и пошироко на целиот Балкан. “Брастет Скопје”дополнително со својот музички дел ја подигнаа целата атмосфера и трепет слушајќи го овој мегахит. Не стивнуваат коментарите во кои се слеваат пофалби, подршка во тоа што го работат Александар и Дац и желби дека се она што се спомнува во стиховите на “Корона Чао” наскоро ќе ни се оствари…ќе ни се врати нашиот стар живот…вистинскиот живот…

И бугарскиот премиер Босисов ја бендиса “Корона Чао” и ја сподели на своите граѓани како поттик за справување со корона вирусот…како порака за подобро утре…

Само с общи усилия, дух и дисциплина ще се преборим с коронавируса. Благодаря на всички български граждани, които спазват правилата. Само така ще се върнем към нормалния си живот. Благодаря и на Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski. Северна Македония може да разчита на нашата подкрепа!

Posted by Boyko Borissov on Saturday, 25 April 2020