Почетна > Македонија > „Да не полудам“ – Браво Бенд со нов хит што ја освои публиката за само еден час (Видео)

„Да не полудам“ – Браво Бенд со нов хит што ја освои публиката за само еден час (Видео)

///
Comments are Off

Со повеќе од две децении на музичката сцена, Браво Бенд уште еднаш докажува дека знае како да ја погоди публиката право во емоција. Нивната најнова песна „Да не полудам“ веќе на самиот старт ја освои вниманието и најави дека станува збор за сериозен хит.

Само еден час по премиерата на нивниот официјален YouTube канал, реакциите не изостанаа – бројките растат, коментарите се редат, а публиката јасно покажува дека ова е песна што веднаш „влегува под кожа“. Позитивните реакции од колеги и слушатели дополнително го потврдуваат силниот впечаток што го остава новото издание.

Зад музиката и текстот стои Кире Денов, кој уште еднаш ја демонстрира својата авторска зрелост, додека за аранжманот, миксот и мастерингот се погрижи Дејан Георгиевски, создавајќи модерен и радио-пријателски звук. Посебна емоционална длабочина на песната ѝ дава Андријана Јаневска, чиј пратечки вокал внесува дополнителна топлина и динамика. Видеото, кое ја заокружува целата приказна, е визуелно модерно и впечатливо. Зад него стои тим составен од Кире Денов, Стефан Џокановски и Ѓорѓи Вацев, кои преку режија, камера и монтажа успеале да создадат стилски комплетен аудио-визуелен производ.

Во актуелниот состав на Браво Бенд членуваат врвни музичари: Кире Денов (вокал/бас), Дејан Младеновски (тапани), Мирослав Милковски (клавијатури/вокал), Александар Трајанов (гитара) и Драган Младеноски (труба) – екипа која со години наназад гради препознатлив звук и високи продукциски стандарди.

Со „Да не полудам“, Браво Бенд не нуди само нов сингл, туку испорачува уште едно силно музичко поглавје – песна што лесно се памети, брзо се засака и уште побрзо се пее. Судејќи по реакциите, ова е хит кој допрва ќе го одбележи периодот што следува.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Пејачот Jack Daniel со нова химна за скопските ноќни журки (Фото+Видео)
Пред празнично, со душа:„На Здравје“ и оваа недела со најубавите македонски песни (Видео)
„Денес е Велигден“ – нова емотивна велигденска химна од Лени Партикова што ја слави верата, традицијата и заедништвото (Фото)
Ново поглавје за „Фолк Фест Валандово“ – што носи изданието 2026?