Почетна > Македонија > Јордан Митев со најава на голем солистички концерт во СЦ „Јане Сандански“

Јордан Митев со најава на голем солистички концерт во СЦ „Јане Сандански“

///
Comments are Off

Како што неодамна најави Јордан Митев на своите социјални мрежи, кон крајот на 2026 година Скопје ќе биде домаќин на голем музички спектакл. Во спортскиот центар „Јане Сандански“, публиката ќе има можност да ужива во неговиот најголем солистички концерт досега.

Ексклузивно дознаваме дека концертот е закажан за 26-ти декември (сабота).

„Почитувани пријатели и фанови, честопати ме прашувавте кога концерт во Скопје…“, напиша Митев во својата објава, откривајќи дека идејата долго време се одложувала поради бројни обврски. Но сега, како што вели, конечно дошло време за нешто големо. И тоа не било какво – туку, како што самиот најавува, „вистински македонски професионален фолк спектакл“.

Публиката може да очекува вечер исполнета со неговите најголеми хитови, но и авторски песни создадени низ изминатите две децении. Токму тоа му дава дополнителна тежина на концертот – ќе биде еден вид музичко патување низ неговата кариера, со личен печат и емоција. Овој настан веќе се најавува како еден од најзначајните фолк концерти во 2026 година кај нас, а интересот кај публиката расте од ден на ден.

Деталите околу продажбата на билети, гостите и продукцијата се очекуваат наскоро, но едно е сигурно – Скопје на 26-ти декември ќе живее во ритамот на македонската фолк музика.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Младиот фолк пејач Ангел Стојкоски снимаше видео запиз за најновата и емотивна песна „За Илина“ (Фото)
И оваа недела подгответе се за вечер исполнета со македонски хитови – „На здравје“ со нова епизода само на Балкан Мјузик (Видео)
„Минус и плус“ – Лозано и 2Bona направија вистинска музичка равенка за хит (Видео)
Миланова игра – концерт во чест на маестро Милан Завков (Фото)