Почетна > Македонија > Македонски музички имиња и безвременски песни и оваа недела во „На Здравје“ само на Балкан Мјузик (Видео)

Македонски музички имиња и безвременски песни и оваа недела во „На Здравје“ само на Балкан Мјузик (Видео)

///
Comments are Off

И оваа недела на фреквенцијата на една од најгледаните музички телевизии во Македонија – Балкан Мјузик телевизија, гледачите ќе имаат можност да уживаат во убава, квалитетна и препознатлива македонска музика.

Во новото издание на популарната музичка емисија „На здравје“, атмосферата повторно ќе биде исполнета со песни кои се пеат со генерации, но и со енергијата на познатите македонски музички имиња кои со својата работа оставиле силен белег на домашната сцена. Во студиото, музичките домаќини Група Круна ќе ги пречекаат своите гости: Благоја Грујoвски, Анета Љумаковска, Цаки Кисми, Група Соната, Орде Неделковски и уште многу други изведувачи кои ќе ја збогатат вечерта со своите настапи и добро познати хитови.

Публиката може да очекува музика која буди емоции, песни кои се паметат и атмосфера која традиционално ја носи емисијата „На здравје“ – вистинска прослава на македонската музика.

Новото издание на емисијата ќе се емитува во недела, на 15-ти мај, со почеток во 20 часот, на Балкан Мјузик телевизија, која и понатаму останува омилен телевизиски бренд за љубителите на домашната музика.

Затоа, подгответе добро расположение, пуштете „На здравје“ и уживајте во уште една музичка вечер – нека е На здравје!

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
„Моќта е во тебе“ – Брендот Lisca со кампања за женската самодоверба (Фото+Видео)
Македонија – домаќин на Јуниорската Евровизија 2026?!
Стојне Николова ја претстави „Душа скршена“ – песна во која многумина ќе се пронајдат (Фото+Видео)
„На Здравје“ во чест на Денот на жената – празнична неделна вечер со музика од срце (Видео)