Почетна > Македонија > Пред 8.000 илјадна публика Борче Наумовски – Министерот за естрада и Нокаут ја раздвижија Битола до последна секунда (Фото)

Пред 8.000 илјадна публика Борче Наумовски – Министерот за естрада и Нокаут ја раздвижија Битола до последна секунда (Фото)

///
Comments are Off

И покрај сибирските –10 степени, Битола покажа дека кога има добра музика и вистинска енергија, студот нема никакви шанси. Новогодишната ноќ во градот под Пелистер помина во знакот на волшебната „Зимска приказна“, претворајќи го просторот пред Офицерскиот дом во голема сцена на радост, игра и заедништво.

Околу 8.000 посетители, меѓу кои и гости од речиси сите краишта на Македонија, се собраа да ја испратат старата и да ја дочекаат новата година со македонска песна и добро расположение. Вечерта започна во силен ритам со настапот на Борче Наумовски – Министерот за естрада, кој уште од првите тонови ја „загреа“ публиката и ја крена атмосферата на ниво што ретко се гледа, дури и во многу потопли ноќи. Пеење во еден глас, игра без пауза и насмевки насекаде – Битолчани уште еднаш докажаа дека знаат како се слави.

Кога на сцената се појави и легендарната група „Нокаут“, еуфоријата доби уште посилна димензија. Хитовите се редеа еден по друг, а публиката не дозволи ниту еден рефрен да помине без масовно пеење. Кулминацијата, секако, дојде со новогодишното одбројување – моментот кога заедно со Дедо Мраз, градоначалникот Тони Коњановски, Борче Министерот и Пере од „Нокаут“, Битола ја дочека Новата година со громогласен аплауз и огномет од емоции.

Ноќта заврши, но впечатоците останаа. Социјалните мрежи се преплавија со фотографии, видеа и коментари кои сведочат дека Битола уште еднаш ја оправда титулата на град што знае да направи спектакл – дури и на минус 10. Новата година започна со песна, насмевка и порака дека добрата енергија секогаш победува.

Може да ви се допаѓа и
DaCapo Band со нов вокал, два нови музички проекти и голема февруарска прослава (Фото)
Наздравуваме со македонската естрада: Балкан Мјузик ТВ со спектакуларна новогодишна програма со над 70 македонски ѕвезди во празнично издание (Видео)
30 години „Биоритам“: Нови снимања, нов вокал и концертна година во најава (Фото)
Традицијата повторно оживува: Со нов албум и спектакуларен концерт Лени Партикова го најавува проектот „Горда сум Македонка“ (Фото)