Почетна > Македонија > DaCapo Band со нов вокал, два нови музички проекти и голема февруарска прослава (Фото)

DaCapo Band со нов вокал, два нови музички проекти и голема февруарска прослава (Фото)

///
Comments are Off

DaCapo Band со голема радост и уште поголема енергија го најавува новото поглавје во својата музичка приказна – официјално е претставен новиот вокал на бендот, Антонио Тасевски, со кого бендот веќе работи на два нови музички проекти: еден од забавен и еден од народен карактер.

Снимањето на видеата се одвиваше во пријатниот и елегантен амбиент на Ресторан „Цесарица“, каде што музиката, атмосферата и позитивната енергија се споија во едно. Зад реализацијата и снимањето стои Арт Студио продукција, познати како едни од најдобрите во својата област, додека за микс и мастер беше задолжен Љупчо Соколовски, чие име е гаранција за врвен звук.

DaCapo Band и овојпат настапува во препознатлив состав:

  • Илија Мицев – труба,
  • Влатко Ѓорчев – кларинет / саксофон,
  • Тодор Ушитков – клавијатури,
  • Горан Костадинов – клавијатури и
  • Никола Давчев – ударни инструменти.

Новите видеа ќе ја имаат својата празнична премиера на 7-ми и 8-ми јануари (Божиќ) и ќе се емитуваат на најгледаната музичка телевизија во Македонија – Балкан Мјузик телевизија, што дополнително ја зголемува возбудата кај публиката. Како круна на ова активно музичко поглавје, DaCapo Band најавува и голема прослава по повод 10 години постоење, која ќе се одржи во февруари, со настан што ветува одлична музика, изненадувања и многу емоции.

Во оваа празнична прилика, членовите на бендот им ја честитаат Новата 2026 година на своите верни фанови и на целата македонска публика, со желби за здравје, среќа и уште повеќе добра музика во годината што следи.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Александар Ицов повторно во студио – наскоро ново музичко изненадување (Фото)
Исповед што ја потресе естрадата: Гоце Димовски проговори за неправдите по 35 години кариера (Фото)
Дали Гоце Димовски се повлекува од музиката? Одлука што ја потресе македонската музичка јавност (Фото)
Давор Јордановски најавува модерно издание на Интернационалната вечер на „Охрид Фест 2026“: „Не ги копираме светските трендови“