Почетна > Арт Студио Продукција > Најгледната музичка телевизија во Македонија – Балкан Мјузик телевизија подготвува спектакуларна новогодишна програма со над 70 македонски музички ѕвезди (Видео)

Најгледната музичка телевизија во Македонија – Балкан Мјузик телевизија подготвува спектакуларна новогодишна програма со над 70 македонски музички ѕвезди (Видео)

///
Comments are Off

Традиционално, и оваа година, нашата и ваша единствена и најгледана музичка телевизија во Македонија – Балкан Мјузик телевизија, ја сними својата голема новогодишна програма, која ќе се емитува вечерта на 31 декември, токму кога сите заедно ќе ја испраќаме старата и ќе ја дочекаме Новата 2026 година.

Во духот на долгогодишната традиција и препознатливиот телевизиски стил, студиото на Балкан Мјузик ТВ беше исполнето со позитивна енергија, насмевки, музика и празнична атмосфера, а оваа година низ новогодишната програма продефилираа повеќе од 70 познати македонски музички имиња од различни генерации и музички правци.

Меѓу бројните гости, ќе имате можност да ги видите и слушнете Стојне Николова, Група Круна, Миле Кузмановски, Марјан Коцев, Браќата Нуне, Ленче Кукиќ, Анета Љумаковска, Елена Велевска, Јордан Митев, Лени Партикова, Елена Јовческа, како и уште многу други етаблирани и омилени изведувачи, кои со своите настапи ја направија атмосферата во студиото вистински празнична.

За време на новогодишната програма, гледачите ќе уживаат во најголемите македонски фолк-хитови, безвременски песни кои ги обележале новогодишните ноќи низ годините, но и во весели, разиграни моменти исполнети со хумор, спонтани реакции и заедничка забава – и пред и зад камерите.

Балкан Мјузик телевизија и овој пат ветува дека дочекот на Новата 2026 година ќе биде посебен, оригинален, интересен и исклучително забавен, со програма која ја слави македонската музика, традицијата и празничниот дух.

Што точно сè ќе има во новогодишната програма, продуцентите засега не откриваат, но едно е сигурно – публиката ја очекуваат многу изненадувања, искрени насмевки, одлично расположение и вистинска музичка магија.

Доколку сакате Новата година да ја започнете со добра музика, позитивна енергија и македонски хитови, тогаш новогодишната програма на Балкан Мјузик телевизија е вистинскиот избор за вашата празнична вечер.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Исповед што ја потресе естрадата: Гоце Димовски проговори за неправдите по 35 години кариера (Фото)
Дали Гоце Димовски се повлекува од музиката? Одлука што ја потресе македонската музичка јавност (Фото)
Давор Јордановски најавува модерно издание на Интернационалната вечер на „Охрид Фест 2026“: „Не ги копираме светските трендови“
Македонскиот виртуоз Јове Кекеновски дел од жирито на меѓународниот и престижен фестивал „Прва хармоника на Србија“ (Фото+Видео)