Почетна > Македонија > Белград ќе „гори“ по македонски: Фантастик Бенд МК со незаборавна музичка, емотивна и спектакуларна вечер во Домот на војската (Фото)

Белград ќе „гори“ по македонски: Фантастик Бенд МК со незаборавна музичка, емотивна и спектакуларна вечер во Домот на војската (Фото)

///
Comments are Off

На 29-ти ноември 2025 година, во Домот на војската на Србија во Белград, македонската музика повторно ќе добие свој дом – барем за една незаборавна вечер. Во организација на Македонското здружение „Кочо Рацин“ – Белград, оваа година Македонската вечер ќе блесне со полн сјај, со многу емоции и вистинско домашно чувство.

А за магијата да биде комплетна, за музичката програма ќе се погрижи Фантастик Бенд МК – бенд што веќе 11 години ја чува, свири и слави македонската музика низ цела држава и надвор од неа – во дијаспората.

Ова не е нивно прво гостување на Македонската вечер – напротив, пред точно осум години беа дел од овој настан и оставија одличен впечаток. Токму затоа, нивното враќање е со големи очекувања – и од организаторите, и од публиката која ги памети по енергијата, контактот со луѓето и атмосферата „која сама се создава“.

Инаку, Фантастик Бенд МК е составен од петмина врвни музичари, секој со свој талент и печат, кои заедно создаваат звук што подига на нозе:

  • Дарко Ангеловски – вокал и тапан, моторот на бендот.
  • Дарко Петрески – мајстор на саксофон, кларинет, зурла и гајда – човекот кој ја носи традицијата во секој тон.
  • Душко Наумоски – хармоника, саксофон и клавијатури – универзалец со богато музичко искуство.
  • Драган Николоски – ударни инструменти – ритамот што ја движи публиката и
  • Бојан Илиески – клавијатура, кавал и вокал – со него секоја песна добива дополнителна боја и емоција.

Фантастик Бенд МК се група што најчесто може да ги сретнете на семејни веселби, журки и прослави, но пред новогодишниот период – тие се буквално насекаде – во Охрид, Гостивар, Тетово, Скопје… како што и самите тие велат – секоја вечер нов град, нови луѓе и нови емоции. Оваа година решија да си подарат мал одмор за самиот дочек на Новата година, да бидат со своите семејства и да ги наполнат батериите. Но затоа пак – 1 јануари ќе ги фати во полн погон.

Штом започне 2026-та, веќе следниот ден, Фантастик Бенд МК ќе настапат во Електра Гарден во Брвеница, Тетово – журка што традиционално собира голема публика и ја започнува годината со стил. А за Стара Нова година? Ќе ги најдете повторно тука на сцена – таму каде што најдобро се чувствуваат.

Белград, подготви се! Најавата за 29-ти ноември буди огромен интерес. Многумина веќе резервираа, бидејќи Македонската вечер секогаш се полни до последно место.

Резервации и информации можете да направите на телефонот: 063 8 393 685

Доколку сакате една навистина оргинална македонска вечер – весела, убава и со душа – ова е настанот што годинава не се пропушта!

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Александар Ицов повторно во студио – наскоро ново музичко изненадување (Фото)
Исповед што ја потресе естрадата: Гоце Димовски проговори за неправдите по 35 години кариера (Фото)
Дали Гоце Димовски се повлекува од музиката? Одлука што ја потресе македонската музичка јавност (Фото)
Давор Јордановски најавува модерно издание на Интернационалната вечер на „Охрид Фест 2026“: „Не ги копираме светските трендови“