Почетна > Македонија > Уште една весела неделна македонска ноќ: Македонски ритам, добро друштво и полни чаши – време е за „На Здравје“ (Видео)

Уште една весела неделна македонска ноќ: Македонски ритам, добро друштво и полни чаши – време е за „На Здравје“ (Видео)

///
Comments are Off

Тешко е да останеш рамнодушен кога ќе запливат македонските преубави звуци – тие што ти ја растреперуваат душата, те креваат на нозе и те тераат да посегнеш по чашата „за едно Нa здравје“. Токму во таа весела, разиграна и искрено домашна атмосфера доаѓа уште едно издание на емисијата „На Здравје“, овој викенд, оваа недела со почеток во 20 часот, ексклузивно на Балкан Мјузик телевизија.

И оваа недела ни се придружуваат некои од најодбраните македонски музички имиња – вистински мајстори на песната, кои со своите „златни грла“ ќе ја разубават вечерта и ќе нè пренесат низ добро познати, но секогаш повторно доживеани емоции.

Публиката ќе ужива во хитови што се пеат од генерација на генерација, во звуци кои создаваат атмосфера од која се шири широка насмевка, а чашите ненаметливо се допираат во ритам. Од раскошни балади до разиграни ора – „На Здравје“ и овој викенд ќе биде музички празник за душата, а и одлична причина за добро дружење.

Затоа, наместете се удобно, поканете друштво или едноставно пуштете ја музиката да ви ја среди неделната вечер.

Недела 23-ти ноември, почеток 20 часот – сите патишта водат кон фрекфенцијата на Балкан Мјузик. На здравје!

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
„Не буди ме зоро“ музичко првенче на Деан Стојановски создадено со страст и пријателство (Фото-Видео)
Уживајте во безвременските македонски рефрени и оваа недела во „На Здравје“ само на Балкан Мјузик (Видео)
Вистината за Мишо Ковач: Скромен живот, и без потреба од помош
Славење на животот со песна: Не ја пропуштајте и оваа недела новата епизода „На Здравје“ (Видео)