Почетна > Македонија > Чест и признание за Македонија: Џељо Дестановски специјален гостин на јубилејниот фестивал „ZurlaZen“ во Турција (Фото)

Чест и признание за Македонија: Џељо Дестановски специјален гостин на јубилејниот фестивал „ZurlaZen“ во Турција (Фото)

///
Comments are Off

Познатиот македонски музичар и виртуоз на дувачки инструменти, Џељо Дестановски, неодамна ја претстави Македонија на 10-тото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на зурлаџии „ZurlaZen“, кој се одржа од 27-ми до 28-ми октомври во градот Мугла, Турција.

Дестановски на овој престижен фестивал беше поканет како специјален гостин, што претставува голема чест и признание за неговата долгогодишна уметничка кариера и за македонската традиционална музика воопшто.

Како што изјави за Балкан Мјузик Телевизија, фестивалот нема натпреварувачки карактер, туку има цел да ги поврзе најдобрите зурлаџии од регионот и да ја промовира културната разноликост на традиционалните дувачки инструменти.

На „ZurlaZen“ учествуваа музичари од Бугарија, Турција и Македонија, а вкупно настапиле околу петнаесет зурлаџии. Дестановски беше единствениот претставник од нашата држава, со што достоинствено ја пренесе македонската традиција пред интернационалната публика.

За време на неговиот престој, тој беше примен од градоначалникот на Мугла, кој му врачи специјално признание и благодарница за неговиот придонес во промоцијата на музичката култура и уметничката соработка меѓу земјите.

Со ваквите настапи, уште еднаш се потврдува дека Македонија располага со врвни музичари, кои можат рамноправно да настапуваат и да конкурираат на европската и светската сцена, носејќи го звукот на нашето музичко наследство далеку надвор од границите на државата.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Може да ви се допаѓа и
Македонската традиција во полн сјај: И оваа недела „На Здравје“ продолжува да ја раскажува музичката приказна (Видео)
„Уникат Бенд“ со рекордна сезона: концерти, соработки и настапи од Македонија до Германија (Фото)
Нов промотивен бум на Христина Илиоска: Mashup од 9 песни, топ продукција и новогодишна турнеја во САД (Фото)
„Бендот на Браќа Нуне“ со нов музички проект: 40 минути македонски свадбени хитови во модерен аранжман (Фото)